Пристигнува зимата, а заедно со неа и ладното време. Деновите стануваат сè пократки, постудени, помрачни… Нормално е да западнете во мала депресија и да покажете носталгија по сончевото време. Но, тоа воопшто не мора да биде така. Со помош на некои мали ритуали кои ќе ги воведете во вашето секојдневие, тмурното расположение ќе заврши, а вашите денови ќе започнат да се исполнуваат со среќа и љубов.rnrn
rn
1. Создадете нова рутина
rnДоколку веднаш штом ги отворите очите започнувате да ги проверувате пораките и работните повици, можеби е време да ги промените вашите навики. Зошто драгоцените утрински моменти не би ги искористиле за подготвување здрав појадок или пак за слушање на омилените песни? Ова мала промена може да допринесе до создавање на потполно нова енергија со која ќе влезете во новиот ден.rn
2. Средете го работното место
rnНередот потсетува на недовршени проекти, што може да создаде чувство на анксиозност и нерасположение. Освен тоа што средувањето ќе направи вашата работна маса да изгледа поубаво, исто така ќе помогне да се ослободите од големиот број непотребни хартии кои ви го зафаќаат работниот простор.rn
3. Истегнете се
rnИстегнувањето пред спиење ќе го подобри вашиот сон, а исто така ќе ги покрене и заспаните мускули, па наредното утро полесно ќе го преживеете станувањето од креветот.rnrn
rn
4. Потпрете се на пријателите
rnБарањето на поддршка од пријателите предизвикува лачење на хормонот за среќа и го намалува нивото на стрес. Барем така ни велат одредени психолошки истражувања.rn
5. Затоплете се
rnСтудиите покажаа дека замотувањето во ќебе или јорган може позитивно да влијае на смирувањето на нервниот систем.rn
6. Приредете чајанка (и тоа секој ден)
rnПосле работа, пригответе го вашиот омилен чај, односно водете релаксирачки разговор со вашите родители, партнер или најдобра другарка.rnrn
rn
7. Уживајте во моментот
rnМислите само на она што се случува токму сега! Многу често се случува да му допуштиме на сопствениот ум да крои можни сценарија за иднината, што може да биде причина за лошото расположение.rn
8. Водете љубов
rnСамозадоволувањето ќе ја направи својата магија, но односот со вашиот партнер навистина е невозможно да го замените или да го споредите со што било друго. Секогаш пронајдете време за љубов.rn
9. Почестете се со масажа
rnДа, вие го заслуживте тоа!rn
10. Танцувајте
rnПуштете музика, облечете тренерки и разбушавете ја косата! Времето кое го минувате сами во домот, е време кога можете да се глупирате пред огледалото. Попуштете ја музиката и оставете ја танцувачка кралица да го освои подиумот!rnrn
rn
11. Наполнете ја кадата
rnНишто не делува така релаксирачко како топлата купка и вашиот омилен мирис. После напорниот ден едноставно наполнете ја кадата и уживајте во времето кое сте го издвоиле само за себе.rn
12. Пронајдете хоби
rnПрефрлете го фокусот од проблемот кон нешто што секогаш ќе ве израдува. Без разлика дали е тоа пишување, цртање или одење во теретана, хобито делува како одмор од напорната и досадна реалност.rn
13. Избегнувајте го утринското кафе
rnДоколку кафето е дел од вашата утринска рутина, тогаш од ден на ден го зголемувате нивото на кортизол, кој дополнително ќе ви изрази чувство на замор и ќе ви предизвика стрес.rnrn
rn
14. Медитирајте
rnНе мора да бидете Буда за да седите во тишина и да ги согледате вашите размислувања од туѓа перспектива. 5 минути медитација дневно ќе имаат позитивно влијание на вашето расположение и доживување на околината.rn
15. Направите нова плејлиста
rnДоколку секоја песна на вашиот телефон сте ја научиле напамет, тогаш е време да симнете нова музика или да се препуштите на изборот, на секогаш достапните, радио станици.