Имагинацијата на вистинскиот уметник нема граници. За креативниот ум, сѐ може да се претвори во уметност. Секој предмет изработен од Срна Дамчевска е автентичен и посебен на свој начин, збогатен со детали кои дополнително му даваат уникатен карактер.rnrn
МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!
rnrn
rnrnrnrn
1. Како се роди љубовта кон рачната изработка?
rnРачната изработка секогаш била дел од мојот живот. Уште од мали нозе често цртав на стакло или работев со глина и хартија, и тоа секогаш остана дел од мене.rnrn
rnrnrn
2. Од каде ја црпиш идејата за создавање на овие уникатни парчиња? Кои се најчестите мотиви што те инспирираат?
rnИдеите најчесто ми доаѓаат од моменталното расположение. Како два најчести мотиви ги издвојувам мандалите и флората.rnrn
rnrnrnrn
3. Кој вид дрво најчесто го користиш? Колку дрвото е специфично за работа и дали е потребен посебен алат?
rnВо зависност од тоа што цртам, користам даб, бука и орев. Секој вид дрво различно гори и секое дрво различно се подготвува за работа. Најголемата разлика меѓу дрвата е влагата и мекоста, од кои понатаму зависи дали дрвото е спремно за работа и понатамошно користење. Се користи посебен алат наречен пирограф, кој развива голема температура од 600°C и нагоре. Тој е специјално наменет за горење на дрво.rnrn
rnrnrnrn
4. Кое е твоето омилено парче што го имаш дизајнирано?
rnОмилено парче ми е која било од лажиците за готвење!rnrn
rnrnrnrn
5. Може ли да се заработува од ваков вид хоби? Знае ли македонскиот купувач да ја почитува рачната изработка?
rnСметам дека за добро заработување треба многу голема инвестиција и напор. Пирографијата е доста специфична и токму поради тоа бара огромен труд и внимание. Мислам дека со порастот на базарите луѓето гледаат колку значи уникатноста на едно парче и сè повеќе се цени нашиот труд како ракотворци и самата рачна изработка.rnrn
rnrnrnrn
6. Која ти е најверната публика и клиентела? Каде можат да те најдат нашите читатели?
rnСите оние кои живеат во рустикален стил или сакаат да внесат промена во нивниот стил. Моментално сум најбрзо достапна на Инстаграм како @elaincrafts, додека веб-сајтот не се заврши, преку кој ќе може да се прават директни нарачки.rnrn
rnrnrn
Интервју: Ана Ќурчиевска
