Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

Денес, многу луѓе се обидуваат да ги контролираат другите. Контролата значи да се обидувате да доминирате или да им наредувате на другите, а овој проблем го има насекаде: во бракот, на работното место и во пријателските односи. Контролата е очигледна дури и во политиката. Честопати, мислите дека сте корисни кога давате мудри совети или, пак, мислите дека вие размислувате правилно, а другата личност погрешно. Ако сакате сите околу вас да го прават она што вие им го кажувате, тоа значи дека се обидувате да ги контролирате. За да дознаете дали навистина сакате да ги контролирате другите, одговорете искрено на овие прашања.

Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

1. Дали вие ја правите агендата и потоа очекувате другите да го прават тоа што вие сакате?

Ако обично вие ја поставувате агендата за себе и за другите и оставате малку или воопшто не оставате простор за тоа што го сакаат другите луѓе, тоа значи дека ги контролирате.

2. Дали мислите дека некој што не се согласува со вас греши?

Ако велите: „Не, работите треба да се направат на овој начин“ (односно на вашиот начин), имате проблем со контролата.

Постојат многу начини да се решат проблемите и вашиот начин не е секогаш единствениот или најдобриот начин. Вие сте заглавени мислејќи дека знаете како најдобро да се справите со проблемот.

3. Дали обично преговарате само за да го добиете тоа што го сакате, без да ги слушнете другите?

Ако не сте во можност да преговарате и да пронајдете решение што ќе им одговара на сите, имате проблем со контролата. Проблемот не се другите луѓе, проблемот сте вие и вашата неможност за компромис.

Кога не сте во можност да забавите и да ги почитувате туѓите идеи или предлози, вие ги ограничувате сопствениот раст и учењето нови работи.

Дефиницијата за личност што сака да ги котролира другите е личност чие однесување укажува на моќна потреба за контрола на луѓето или на околностите во секојдневниот живот. Сепак, ако сакате да се ослободите од контролирачкото однесување, следете ги овие чекори:

1. Бидете отворени за перспективите на другите луѓе

Вреднувањето на туѓите идеи и отвореното и искрено дискутирање за проблемите без да ги напаѓате другите може да ви помогне да пронајдете решение.

2. Слушајте за да разберете (не за да одговорите)

Обидете се да ги разберете другите и нивната перцепција, а тоа ќе ви помогне при изнаоѓање решенија што ќе им одговараат на сите вклучени.

3. Признајте дека имате проблем

Кога ќе сфатите дека никој друг не е виновен, освен вие самите за начинот на кој ги гледате работите, вие сте во можност да се промените себеси.

Контролата не е решение. Слушањето, разбирањето и љубовта кон другите е решението. Ако навистина сакате промени во вашиот живот, мора да се откажете од работите што не можете да ги контролирате. Можете само да се промените, а кога ќе го направите тоа, сè околу вас се менува.

Прочитајте зошто луѓето бараат доминантни партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар