Претходно
Без печење: Брз рецепт за торта со омилениот сладолед
Пробајте го овој рецепт за торта без печење подготвена од само 3 состојки. Потребни ви се бисквити, малку путер и вашиот омилен сладолед.
Потребни состојки:
- 150 г бисквити
- 2 лажици стопен путер
- 1 до 2 кг сладолед
Начин на подготовка:
- Смелете ги бисквитите, а потоа измешајте ги со путерот.
- Во една тава ставете ги бисквитите како основа. Оставете во фрижидер за 15 минути.
- Потоа врз основата ставете го вашиот омилен сладолед. Можете да направите слоеви со различни вкусови како сладолед од чоколадо, ванила, јагода или по избор.
- Ставете ја тортата во замрзнувач за неколку часа.
- Сервирајте со омиленото овошје и уживајте.
Пробајте го и овој рецепт за вкусен пудинг со семе од чиа и банана.