Поучна приказна: Жабите и кулата

Сподели

Група жаби решиле да организираат трка. Победник ќе бил оној кој најбрзо ќе се искачел на врвот на една кула.

Голема публика се собрала за да ја следи трката и да ги бодри тркачите, но никој од гледачите не верувал дека некоја од жабите може да стигне до врвот. Штом бил означен стартот, сите почнале да викаат:

Реклама

„Многу ќе биде тешко!“

„Никој нема да стигне до врвот!“

Реклама

„Никој нема да победи. Многу е високо!“

Жабите почнале полека една по една да се откажуваат од трката. Но, некои сè уште цврсто оделе кон целта. Толпата продолжила да вика:

„Премногу е тешко! Никој нема да успее!“

Уште неколку жаби се откажале. На крај останала само една жаба во трката до врвот на кулата. Публиката продолжила да ја обесхрабрува, но таа не се предавала. На крај успеала да стигне до врвот и да победи на трката.

Сите други жаби кои се тркале со неа и се откажале сакале да дознаат што ја прави оваа жаба толку силна. Ја прашале, но таа не реагирала. Жабата која победила била глува.

Најново

Може ќе ве интересира