За некои личности, сингл статусот е избор на живот, додека пак на други, потешко им е да пронајдат партнер кој им одговара. Во целиот тој пат, помеѓу другите пречки, за вашиот сингл статус може да бидат заслужни и вашите родители. Можеби не сте свесни за ова, но со некои постапки тие индиректно може да влијаат. Погледнете ги овие знаци и утврдете дали и во колку од нив можете да се пронајдете.
rn
1. Тие се премногу строги
rnКога имате строги родители, тие не ви ја даваат потребната слобода или поддршка која ви е потребна за да се состанувате со некоја личност. Тие секогаш ќе ве прашуваат дали вашите односи се сериозни, дали водат кон нешто повеќе, а ако не ја одобруваат личноста со која се состанувате, тогаш може да ви прават проблеми.rn
2. Вашите родители немаат добри меѓусебни односи
rnМоже да се разведени или пак да живеат заедно и постојано да се караат. Како и да е, ако растете со родители кои не си пружат многу љубов, вие ќе почнете да барате премногу љубов од вашиот партнер, што ќе доведе до нездрава врска, затоа што само тоа го знаете.rn
3. Не ги согледуваат добро работите
rnАко се состанувате со некоја нова личност, тие може постојано да ви ги наведуваат недостатоците на таа личност, наместо добрите карактеристики, па да ве убедуваат дека не е достојна за вас.rn
4. Не ве разбираат вистински
rnСигурно вашите родители го сакаат најдоброто за вас, но ако тие не разбираат што е тоа што навистина ве прави среќни, тогаш имате голем проблем. Тие може да сметаат дека некоја личност е одлична за вас, но ако вие знаете дека не си одговарате, тогаш не ќе можете да пронајдете вистинска среќа. Кога вашите родители не ве разбираат, тие никогаш нема да ве сфатат вас и вашите избори.rn
5. Тие се песимисти во врска со љубовта
rnАко вашите родители постојано велат дека не веруваат во љубовта, дека не постои и дека со текот на времето сѐ ќе исчезне, тогаш за вас може да биде навистина тешко да ги отстраните овие мисли од главата кога ќе почнете да се состанувате со некоја личност.
rn
6. Не сакаат да се оддалечувате од одреден вид личности
rnАко вашите родители се плашат да не запознаете личност од спротивниот пол од друга националност или култура, па ве тераат да се придржувате само до одреден вид личности, тогаш тоа ќе го ограничи вашиот избор, па можете да изберете нешто што и не е најдобро за вас.rn
7. Тие се премногу заштитнички настроени
rnВеднаш штом ќе дознаат дека се состанувате со некоја личност, вашите родители се појавуваат насекаде каде што одите или пак ви се јавуваат по сто пати на ден, со цел да се осигурат дека не правите нешто лошо.rn
8. Не се грижат многу за личноста со која се состанувате
rnКога ќе им ја претставите личноста со која сте во моментот, наместо да бидат љубезни и да се трудат да ја запознаат повеќе, тие го прават спротивното, со цел да ѝ покажат дека не ѝ е местото помеѓу вас.rn
9. Ве потсетуваат на минатото
rnМоже да ви кажуваат дека повторно ја правите истата грешка или дека оваа личност е иста како претходната и дека ќе завршите на ист начин. Тие постојано ве навраќаат на минатото и ви ги уништуваат сегашните љубовни врски.rn
10. Мислат дека е подобро да сте сингл
rnВашите родители може да ви велат дека подобро е да сте сами, затоа што врските се комплицирани и дека не постои љубов. Не ве охрабруваат да преземате нови ризици и да се борите за некоја личност, туку напротив, ви велат дека треба да останете сингл за да не завршите со скршено срце како и претходните пати.

