КАФЕ ПАУЗА

10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

Сопствениците на кучиња честопати ги измачуваат прашањата без одговори, а ветеринарите конечно дадоа одговори на некои од нив.rnrn10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на кучеrn

1. Зошто носот на кучето е секогаш влажен?

rnГлавната причина зошто кучињата имаат влажни носеви е затоа што тие лачат секрети кои им помагаат да мирисаат. Исто така, тие се потат преку носот и го чистат носот со јазикот.rn

2. Зошто шепите на кучињата мирисаат на чипс од пченка?

rnИсто како луѓето, кучињата имаат бактерии и габи на површината на својата кожа и на своите шепи. Тие бактерии можат да создадат мирис каков што имаат чипсот од пченка или квасецот.rn

3. Дали некои раси се поагресивни од другите?

rnНиту една раса не е природно агресивна и кучињата не треба да се категоризираат на тој начин. Некои раси имаат помала волја да ги слушаат своите сопственици, но дури и тие кучиња може да бидат многу љубезни и приврзани ако се во рацете на одговорен сопственик.rn

4. Дали кучињата ја менуваат личноста по кастрацијата?

rnОтстранувањето на репродуктивните органи кај кучето на соодветна возраст не влијае на личноста на кучето. Не постои научна литература што укажува на тоа дека кастрацијата предизвикува кучињата да бидат помалку енергични или мрзливи.rn

5. Дали е добро да го храните кучето само со сува храна?

rnСувата храна може да биде здрава колку и конзервираната храна. Сосема е во ред да го храните вашето куче со сува храна, под услов да е со висок квалитет и да одговара на возраста, на начинот на живот и на сите индивидуални здравствени потреби.rn

6. Кои кучиња лаат повеќе – малите или големите?

rnИако секое куче е различно, помалите видови кучиња всушност се одгледуваат да бидат погласни. Некои раси, како што е минијатурниот пинч, се одгледуваат за чување. Други кучиња се родени за да ловат и да го предупредуваат својот сопственик.rn

7. Дали машките кучиња се попријателски настроени од женките?

rnПолот нема никаква врска со тоа колку е кучето пријателски настроено. Сето тоа зависи од воспитувањето и од социјализацијата.rn

8. Дали кучињата имаат доминантна шепа?

rnКучињата всушност може да имаат доминантна шепа, а направени се неколку тестови за да се открие тоа.rnrnЦелта на овие тестови е да се набљудува однесувањето на кучето во текот на еден временски период и да се утврди колку често кучето ја користи левата или десната шепа за време на одредени активности.rn

9. Може ли кучињата да јадат сурово месо?

rnНекои сопственици избираат да го хранат кучето со сурово месо, но не се препорачува да го храните вашето куче со неподготвено говедско или свинско месо.rnrnНема докази дека хранењето на кучето со сурово месо има корисен ефект врз здравјето. Напротив, може да дојде до нерамнотежа во исхраната, хипертироидизам предизвикан од лошата исхрана и бактериски инфекции.rn

10. Дали може некој што е алергичен на кучиња да се навикне да живее со нив?

rnОние кои се алергични на кучиња веројатно ја чуле теоријата дека е можно со тек на време да се приспособат на животот со кучиња. За жал, не постои консензус меѓу експертите дали тоа е точно или не.rnrnЕдна теорија вели дека е можно да се навикнете на кучешките алергени веднаш штом ќе го намалите степенот на чувствителност на имунолошкиот систем, но тешко е да се знае со сигурност како се намалува тој степен.rnrnПрочитајте како се однесуваат кучињата кога се во пубертет.