КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември?

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември?

До 15 септември ќе трае периодот на ретроградната фаза на Меркур, а тоа ќе има големо влијание врз нашите животи; меѓу другото, тоа ќе влијае и на нашите односи. Прочитајте повеќе за неговото влијание во продолжение.rnrnКако ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември?rn

Нема да размислувате толку јасно

rnВо овој период ќе ви биде потешко да носите рационални одлуки и често ќе наидувате на погрешни толкувања. Бидете внимателни и сфатете дека не можете да ги читате мислите на другите луѓе – можеби некој размислува сосема поинаку од вас.rn

Чудни настани

rnЌе владее необична атмосфера, а тоа ќе се одрази и на врските. Може да има необјаснива напнатост или непријатни ситуации. Можеби, на пример, поранешниот партнер повторно ќе ве контактира од ведро небо, или навечер ќе го сонувате. Обично се работи за врски во кои останало нешто нерешено.rn

Потреба за осаменост

rnЧесто се случува за време на ретроградниот Меркур да сакаме повеќе време да поминуваме сами. Како резултат на тоа, ќе имаме помал интерес за социјални настани, прослави и состаноци.rn

Проблеми во комуникацијата

rnКако што веќе споменавме, за време на ретроградниот Меркур, типично е да се има пребрзо погрешно расудување и само-интерпретации. Токму затоа се појавуваат многу проблеми и конфликти. Бидете внимателни и изразете се што е можно појасно – кога разговарате со другите, поставувајте прашања и не создавајте сопствени приказни.rn

Одложување

rnПериодот се карактеризира со доцнење. Така што, не чудете се доколку ги пропуштите рокови на работа или задоцните на состанок.rn

Површни односи

rnДоколку во овој период запознаете нова личност, поверојатно е вашата врска да остане површна и да не прерасне во сериозна врска. Дури и ако во овој период одржувате контакт со поранешниот партнер, шансите за повторно започнување на врската се помали.rn

Тешкотии во донесување одлуки

rnМожеби ќе имате тешкотии да донесете важни одлуки. Дури и ако одлучите да направите нешто, има големи шанси да го промените мислењето или дури да зажалите за одлуката. Во овој период, најдобро е да се избегнува донесувањето важни одлуки, дури и во поглед на врските.rnrnСепак, важно е да бидете трпеливи кон себе и со другите во овој период. Имајте отворен ум и слушајте ги другите. Обидете се да ги разберете нивните гледишта и поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Но, исто така, слушајте се и себеси; посветете си доволно внимание и љубов за време на ретроградниот Меркур.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за оваа недела.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs