КАФЕ ПАУЗА

Не плашете се! Овие работи не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста

Кога една девојка ќе ја изгуби својата невиност се јавуваат разни грижи – како ќе ја гледа друштвото, дали нејзиното мислење за себе ќе се промени, дали нејзиното тело ќе се промени… Иако многу девојки се самокритични, најважно е пред сѐ да се опуштите. Во текстот подолу ќе откриете кои работи остануваат непроменети иако девојката ја изгубила својата невиност.rnrn1-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_rnrnКога сте во врска и ќе започнете да размислувате дека треба да одите еден чекор понатаму, треба да ги знаете овие работи кои не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста. Сепак, треба да бидете многу сигурни пред да се одлучите да го направите овој чекор. Губењето на невиноста е посебен чин за секоја девојка и носи многу спомени кои ќе ги помните до крајот на животот.rn

1. Вашето тело

rnАко мислите дека вашиот химен се „кине“ кога имате секс по прв пат, тогаш сте во право. Но, хименот на една жена исто така може да биде скинат и при некои спортски активности како што е на пример, јавање.rn

2. Вашата вредност

rnСите ние пораснавме со приказната која ни ја кажуваа нашите мајки дека жените кои се девици се сметаат за чисти и повредни од што било друго. Запомнете, ако имате секс не се менува ништо и сексот нема да ја намали вашата вредност, ниту пак ќе ве направи нечисти. Ова се само митови.rn

3. Поразлично мислење

rnМногу девојки мислат дека другите ќе го сменат мислењето за нив после имањето секс. Ние ве советуваме да не ви е грижа што вашето друштво мисли за вас. Мора да го направите она што мислите дека е најдобро и што ви одговара.rnrn2-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_rn

4. Чувства

rnКога имате секс со саканата личност размислете за чувствата. Чувствата имаат тенденција да се зголемат после интимниот однос. Ако размислувате за раскинување после односот, тогаш тоа е погрешно.rn

5. Вашиот морал

rnНе впуштајте се во интимни односи додека не станете доволно зрели за да ја преземете одговорноста. Избегнувајте ги негативните мислења за сексот. Научете да уживате во него, но не заборавајте дека задолжително треба да користите заштита.rn

6. Вашиот однос

rnКога имате секс со личноста која ја сакате, тоа ја прави вашата врска појака. Ако имате секс со некој маж со кого само флертувате, не го очекувајте истото. Научете да бидете практични пред да го прифатите повикот.