Вашето куче е старо седум или осум месеци и одеднаш веќе не е послушно, а згора на тоа, кога ќе го повикате, пркосно ве гледа и трча во спротивната насока? Само малку сопственици не го искусиле ова, а научниците советуваат да не се вознемирувате затоа што кучето е во пубертет.rnrn
rnrnНовото истражување ги поддржува препораките на експертите да почекате да помине тој период. Според научниците, кучињата поминуваат низ многу чувствителен период на почетокот на пубертетот што ги тера да се однесуваат исто како луѓето.rnrnКученцата се врзуваат со луѓето исто како децата. Но, сопствениците честопати чувствуваат дека не успеале да ги воспитаат добро кога кученцата се во адолесценција, а кај повеќето кучиња тоа се случува кога имаат околу осум месеци.rn
Кучињата се преплавени со хормони
rnИсто како тинејџерите, чии тела се преплавени со хормони и чии мозоци претрпуваат големи промени, кучињата во адолесценцијата може да престанат да ги слушаат своите сопственици, а сопствениците реагираат на тоа на различни начини. Некои ги казнуваат кучињата, некои ги игнорираат, а некои се ослободуваат од нив.rnrnЗа да се утврди како пубертетот го менува однесувањето на кучето, еден научен тим го набљудувал растот на 70 женки од расите германски овчар, златен ретривер и лабрадор кои биле обучени како потенцијални кучиња водичи.rnrnКучињата биле оценувани според тоа колку биле приврзани или колку внимание бараат од својот сопственик, на пример со седење до сопственикот или покажувајќи чувства на силна поврзаност со одредена личност, како и знаци на вознемиреност од разделување, како што е тресењето. Ваквото однесување укажува на вознемиреност и страв.rnrnИстражувањата покажуваат дека младите девојки кои имаат нарушени односи со своите родители порано влегуваат во пубертет. Исто како кај луѓето, кучињата што имаат лоши односи со сопствениците покажуваат отстапувања во својот репродуктивен развој.rnrnКучињата во адолесценција, кои биле под стрес поради одвојување од сопствениците, не ги слушале сопствениците, но слушале други луѓе, што укажува на несигурност на таа возраст исто како кај тинејџерите.rnrnЗа да ја испитаат послушноста, научниците ги тестирале кучињата најпрво на возраст од пет месеци, а потоа кога имале осум месеци. На кучињата наизменично им биле давани наредби да седнат од страна на нивните сопственици и од странци.rnrnВо фазата пред пубертетот, сите кучиња ги слушале двете лица, но кога влегле во пубертет, многупати одбивале да го послушаат својот сопственик, но биле подготвени да го послушаат странецот. Кучињата што не биле цврсто приврзани кон својот сопственик, биле дури и повеќе подготвени да ги следат заповедите на странецот, исто како што прават тинејџерите.rnrnПубертерот кај кучињата е минлива фаза и според едно истражување спроведено на 285 кучиња водичи, кучиња во фазите пред и по адолесценција можат полесно да се обучуваат за водичи за разлика од оние што се во пубертет.rnrnНаучниците истакнуваат дека заради нивната сличност со тинејџерите, кучињата во адолесценцијата би можеле да послужат како модели во истражувањето на човечките еквиваленти.rnrnПрочитајте ги овие 8 работи што треба да ги знаат сите сопственици на кучиња.