Рецепт на денот: Пита од шпагети

Сподели

Питата од шпагети можеби е измислена од Италијанците, но веројатно од оние кои живеат во Америка. Вистинските Италијанци тврдат дека никогаш не би ги приготвиле своите традиционални тестенини на ваков начин.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 400 грама шпагети
  • rn 011

  • 400 грама говедско месо
  • rn 011

  • 1 кромид
  • rn 011

  • 3 чешниња лук
  • rn 011

  • 500 милилитри варени домати
  • rn 011

  • 100 грама меко бело сирење
  • rn 011

  • 3 јајца
  • rn 011

  • 150 грама рендано сирење
  • rn 011

  • 50 грама пармезан
  • rn 011

  • 1 лажица брашно
  • rn 011

  • сол, сув зачин, бибер, оригано
  • rn 011

  • маслиново масло
  • rn 011

  • магдонос
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВарете ги шпагетите во големо тенџере полно со посолена вода само половина од потребното време за варење. Тие ќе продолжат да се готват во рерната.

Испржете го меленото месо и извадете го од тавата, оставајќи ја мрснотијата во неа. Излупете го кромидот, ситно исечкајте го и испржете го кратко во мрснотиите од месото.

Додајте го брашното и полека турете го сокот од домати за да подготвите сос. Додајте го ситно исечканиот лук, а потоа зачинете по вкус. Оставете да се излади, додајте маслиново масло по желба и зачинете со магдонос.

Во голем сад измешајте ги сосот, мекото сирење и јајцата.

Додајте го месото и измешајте сè заедно, потоа додајте ги шпагетите, ренданото сирење и пармезанот (оставете малку пармезан да да посипете на врвот).

Премачкајте ја тавата и турете ја смесата. Посипете со остатокот од сирењето и печете околу половина час на температура од 180 °C степени.

Пред сервирање, оставете ја питата да се излади неколку минути.

Погледнете го овој рецепт како да направите чурос – вкусни шпански крофни.

Популарно

Може ќе ве интересира