КАФЕ ПАУЗА

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Финска, која според голем број истражувања е најсреќната држава во светот, се обидува да ја сподели нејзината среќа со сите нудејќи бесплатно летување.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnНеодамна Финската туристичка заедница ја претставила програмата „Rent a Finn“ (изнајми Финец), преку која нудат одмор во Финска, и тоа во делот од земјата којшто ви изгледа најсреќен. Сите кои ќе се одлучат да ја пробаат финската среќа, ќе поминат време со нивниот „водич за среќа“, а Финците се надеваат дека нивниот опуштен начин на живот ќе им помогне на туристите барем малку да се ослободат од стресот.rn

„’Rent a Finn’ е кампања во која 8 обични Финци канат странци во Финска за со нив да го поделат своето искуство, бидејќи Финците сакаат да ја направат Земјата повторно среќна! Ќе ‘издаваме’ 8 обични Финци како водичи за среќа, а тие ќе им помогнат на туристите од странство одново да се поврзат со природата ова лето.“

rnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnЕден од водичите е Еско кој е градоначалник на Рованиеми, рурален град во Лапонија. Еско изјавил дека со заинтересираните посетители сака да ги сподели убавините на финското лето, така што тие ќе имаат можност да ја посетат неговата викендичка, да берат бобинки, да се возат со брод и да играат игри.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnДруги водичи се парот Линда и Нико, кои живеат во најјужниот остров од архипелагот на Финска. Тие на туристите ќе им го покажат едноставниот островски живот, а ќе ги однесат и на едрење и кампување со нивното куче.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnПомеѓу водичите е и студентката и инструкторка по јога Катја, која живее во близина на Хелсинки. Таа сака да им помогне на туристите да ја искусат природата и во градско опкружување.rnrnСите кои сакаат да ги искористат водичите за среќа, треба да снимаат видео од 3 минути, во кое ќе се опишат себеси, својата врска со природата и зошто сакаат да ја посетат Финска. Исто така треба да се пополни и апликација на нивниот веб-сајт, а на избраните ќе им бидат покриени сите трошоци за патувањето. Доколку и вие сакате да изнајмите Финец, пополнете ја онлајн пријавата тука.rnrnДоколку имате среќа и сте добитник на патувањето, тогаш сигурно ќе сакате да ги знаете интересните факти за животот во Финска.