Врските не траат засекогаш, а за некои луѓе, тие траат многу кратко. Постојано се обидувате, но кога имате нешто поставено пред вас што доаѓа со идеали и очекувања, се чувствувате како да одите по минско поле на потенцијални разочарувања. Ако партнерот сака да бидете некој друг освен тоа што сте, тогаш започнуваат проблемите. А, ако вие сте тие што сакате да ја напуштите врската со која едноставно не можете да се справите, тоа може да има врска со астрологијата. Кои се хороскопските знаци што не остануваат премногу долго во врските?rnrn
rn
1. Бик
rnОвие личности мислат дека секоја нова врска е вистинската, но толку брзо им станува здодевно што е невозможно да останат подолго време со еден партнер. Дури и ако останат, тие веројатно веќе ве изневеруваат.rnrnБиковите не сакаат да ве изневерат, но тие се толку неодоливи во кревет што сите ги сакаат засекогаш, а овие личности немаат време за тоа. Тие зрачат со шарм и со добра смисла за хумор, што ги тера луѓето да мислат дека се подготвени за стабилни врски, но вистината е дека Бикот не можете да го задржите.rn
2. Стрелец
rnАко сте Стрелец, тогаш знаете како е очајно да сакате да бидете во врска, само за да сфатите како изгледа неуспехот од таа врска. Тешко е да се биде во врска со Стрелец, бидејќи тие се самостојни и независни личности. Овие личности ќе ви остават впечаток дека го претпочитаат сопственото друштво повеќе отколку да бидат со вас, а тоа навистина е така.rnrnСтрелецот се чувствува добро кога е сам, а некои луѓе кои не можат да го сфатат тоа, се навредуваат. Стрелците никогаш не го прават тоа за да ве повредат, но сепак го прават тоа. Врските со личностите родени во овој хороскопски знак не траат долго.rn
3. Вага
rnОвие личности не остануваат во врска затоа што не сакаат да бидат во врска. Во прашање се брз секс и тоа што можат да го добијат од вас. Ако имате пари, Вагата ќе биде со вас додека парите не се потрошат, а потоа ќе ви го сврти грбот.rnrnНа овие личности им е важна бројката. Тие сакаат да имаат колку што е можно повеќе партнери без да им бидат посветени, па обично ја повредуваат личноста со којашто се, едноставно затоа што не можат да бидат врзани.rn
4. Скорпија
rnСкорпијата нема намера да остане во врска, освен ако, се разбира, не ја пронајде својата сродна душа. Сите знаеме колку е тешко да се најде нешто совршено, а уште потешко совршен партнер.rnrnТие се посветени партнери, но ако вие не им се посветите, врската нема да трае. Овие личности се комплицирани и постојано имаат некакви барања, но исто така сакаат да ве контролираат и имаат големи очекувања.rnrnАко не ги исполнувате сите барања и очекувања, тие го губат интересот за вас и ќе ве остават. Ако се вљубите во Скорпија, ќе го изгубите вашиот разум.rn
5. Близнаци
rnБлизнаците се личности кои постојано ќе ве критикуваат, па е речиси невозможно да останете во врска со нив. Всушност, ако сте во врска со Близнаци, најверојатно страдате од недостаток на самодоверба.rnrnБлизнаците сакаат да бидат во врска, но само ако можат да ве „поправат“. Тие сакаат послушни слуги, а не партнер со кого ќе го делат и ќе го живеат животот.rnrnОна што ги тера Близнаците да ја прекинат врската е моментот кога жртвата почнува да сфаќа дека психопатот ја држи во заробеништво.rn
6. Овен
rnПрипадниците на овој хороскопски знак имаат многу очекувања, знаат што сакаат во врската и ќе ве вознемируваат додека не се откажете. Ова обично е почеток на крајот на врската со Овенот.rnrnОвие личности го прават тоа намерно, што ги прави поттикнувачи на раскинувањето. Тие им вршат толку голем притисок на своите партнери да бидат совршени, па поради тоа следуваат катастрофа и разочарување.rnrnОвните ја завршуваат врската обвинувајќи го партнерот дека е најлошата личност на светот, а тоа им е совршена пасивно-агресивна причина да ве остават.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци изневеруваат за време на сезоната на Рибите.