Овие вежби не само што ќе ви помогнат да го обликувате своето тело, туку и ќе ви го подобрат вашиот сексуален живот. Станува збор за 4 едноставни вежби со кои можете да водите здрав живот, да ја подобрите својата кондиција и форма на телото, како и повеќе да уживате во сексот.rnrn
rn
Повлекување колкови
rnОваа вежба го подобрува движењето на колковите и ги зголемува вашите капацитети во креветот. Легнете на подот со лицето нагоре, свиткајте ги колената и почнете да ги подигнувате колковите така што вашето тело да формира права линија од рамената до колковите. Потоа затегнете го задникот 10-тина секунди и спуштете ги колковите надолу, но внимавајте да не го допрете подот. Повторете ја вежбата 12 пати.rn
Вежбање покрај ѕид
rnОваа вежба ви овозможува дополнителна сила која ќе ви помогне подолго време да задржите одредена секси поза. Потпрете се на ѕид и поставете ги вашите нозе на околу 60 сантиметри оддалеченост. Свиткајте ги колената до 90 степени и ставете ги рацете исправено пред себе. Држете така 60 секунди. Лесно ви е? Ставете нешто тешко во вашиот скут.rn
Расчекор
rnАко имате идеја за необична нова поза или сакате повеќе да го прегрнувате партнерот со вашите нозе, тогаш оваа вежба без сомнение ќе ви помогне. Клекнете со едната нога пред вас и свиткајте ги колената за 90 степени. Држете го торзото исправено и спуштете ги рацете покрај телото. Нежно притиснете ги колковите нанапред колку што можете и држете го торзото исправено. Задржете ја позицијата 10-20 секунди и потоа повторете со другата нога.rn
Подигнување на нозете
rnОваа вежба може да ви помогне да доживеете интензивен оргазам. Легнете со лицето нагоре, раширете ги рацете со дланките насочени кон горе и почнете да ги подигнувате нозете за 90 степени нагоре. Потоа спуштете ги надолу, но внимавајте да не го допираат подот. Повторете ја вежбата 10 пати. Совет: Држете ги нозете цврсто заедно и колената благо свиткани.