Доколку сте решени со партнерот да заминете на некое романтично патување, а не сте сигурни каде сакате да појдете, овие неколку препораки ќе ви бидат добредојдени. Европа изобилува со многу интересни и романтични места кои можат да ја разгорат страста во вашата врска. Ова се дел од најпосетуваните дестинации за овој период од годината, кога се наближува Денот на вљубените.rn
1. Виена, Австрија
rnГлавниот град на Австрија е една од колевките на културата во Европа. Бидејќи културата, уметноста и љубовта се поврзани на некој начин, тогаш овој град може да ви понуди навистина возбудливо доживување. Прекрасната архитектура, познатите музеи и културни случувања кои ги има во изобилство, ќе придонесат да го искористите времето максимално и да уживате во секој момент. Задолжително посетете го музејот на Зигмунд Фројд и пробајте некои од фантастичните слатки.rnrn
rn
2. Венеција, Италија
rnПрекрасниот град на вода во Италија, е местото кое целиот свет го смета како симбол за вистинска љубов и романтика. Доколку имате услови да појдете, возењето на гондола, прекрасното капучино и мостот на воздишките со сигурност ќе ја разгорат страста во вашата врска.rnrn
rn
3. Прага, Чешка
rnЗа златниот град на Европа веќе имавте прилика да прочитате. Прекрасните дворци, Карловиот мост и куќата на познатиот писател Франц Кафка се места кои задолжително морате да ги посетите доколку се наоѓате во главниот град на Чешка. Доколку не сте големи љубители на културата, можете да се сместите во романтичен хотел со поглед кон реката Влтава и да уживате во прегратката на вашиот партнер.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
