Одот на невестата до олтарот е еден од најнезаборавните моменти од свадбената церемонија. Но, за оваа невеста, тоа било најемоционалниот момент. Џеки Гончер, која од својата 17-та година била парализирана од вратот надолу, ги изненадила сите гости кога станала од својата инвалидска столица и самата изодела до олтарот.rnrn
rnrnОткако се здобила со повреда на ‘рбетот во несреќа со пливање, докторите тврделе дека таа најверојатно никогаш повторно нема да прооди. Но, таа почнала полека да им пркоси на шансите, така што чекор по чекор, полека ја враќала контролата на своето тело. Сепак, во следните 8 години, Џеки претежно зависела од својата инвалидска количка.rnrnБидејќи била спортистка пред несреќата, за неа најтешкиот дел бил да не вежба. Таа се обидувала да се врати на вежбањето, но била обесхрабрувана од сите падови во теретаната и со тек на време едноставно престанала да се обидува. Но, точно една година пред свадбата, Џеки си дала само една цел – да може да оди на нејзината свадба.rnrnКако што можеме да видиме од овие фотографии, таа не само што ја постигнала својата цел за одење, туку исто така и можела да танцува! Младоженецот е пресреќен што има олку силна и неверојатно прекрасна жена како сопруга. Им посакуваме само најдобро!rnrn
Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно















