Понекогаш стравот што го чувствувате е причината зошто избирате погрешна личност, зошто заглавувате во несреќна врска и зошто мислите дека никогаш нема да најдете подобра личност од сегашниот партнер ако ја раскинете врската. За среќа, постојат неколку прашања што ќе ве спречат да дојдете до тој момент. Овие прашања ќе ви откријат дали вашиот партнер е совршениот за вас или мислите дека е совршениот за вас само во овој момент.rnrn
rn
1. Дали сакате да му се посветите на партнерот?
rnСакате да стапите во брак и сакате да знаете дека и вашиот партнер го сака истото, но тој никогаш не зборува за иднината?rnrnДали се плашите кога помислувате на обврзаноста кон вашиот партнер? Дали имате кошмари бидејќи мислите дека ќе заглавите со партнерот?rnrnНе треба да се карате, да преговарате или да разговарате со вашиот партнер за темата обврзување. Со вистинската личност, обврзувањето доаѓа само по себе.rnrnНаместо да се фокусирате на стапувањето во брак со партнерот со којшто сте во врска, многу е попродуктивно да се фокусирате на пронаоѓањето на вистинската личност со којашто сакате да бидете заедно.rnrnАко ве заплашува помислата да стапите во брак со вашиот партнер, размислете зошто е тоа така.rn
2. Дали партнерот ја сфаќа вашата смисла за хумор?
rnДали вие прифаќате многу работи кај партнерот, а тој не може да ги прифати ни вашите основни карактеристики? Ако вашиот партнер не ја прифаќа вашата смисла за хумор, тоа значи дека во вашата врска нема смеа и забава, а таквата врска не може да опстане.rnrnЗаедничката смисла за хумор е многу важна. Можеби ви изгледа како нешто што вие двајцата би можеле да го надминете, но набргу ќе почнете да се вознемирувате кога ќе сфатите дека вашите шеги не му се забавни на партнерот.rnrnВашата смисла за хумор ќе ви биде потребна и во тешките моменти во животот. Дали навистина сакате да останете со личност што не знае да се шегува?rn
3. Дали ви е здодевно?
rnДали повеќето заеднички активности постојано ги правите на истиот начин? Дали потајно се надевате дека некој конечно ќе стори нешто интересно?rnrnКако се чувствувате кога размислувате за остатокот од животот поминат со вашиот партнер? Дали сето тоа ви изгледа монотоно?rnrnОва е знак дека е време да ги преиспитате вашите опции.rn
4. Каква е атмосферата во спалната соба?
rnПорано сексот беше одличен, но веќе не е.rnrnСекако дека можете да се справите со тоа, но ќе треба да вложите многу труд.rn
5. Дали копнеете за нешто подобро?
rnДали тајно ѝ завидувате на вашата пријателка за среќната врската, но не знаете зошто? Сепак, вие треба да бидете среќни затоа што не сте сами.rnrnДали го гледате вашиот партнер и помислувате: „Посакувам да беше позгоден“? Тогаш можеби е време да ги преиспитате сите чувства.rnrnВо овој случај не станува збор за едноставна привлечност кон спротивниот пол. Повеќе е длабок копнеж за нешто што недостасува кај вашиот партнер.rnrnВо вистинската врска, вие треба да бидете среќни со партнерот, така што алтернативата ќе биде последното нешто што ќе го барате.rn
6. Што ви кажува вашиот инстинкт?
rnАко постојано ги прашувате вашите пријатели што мислат за вашата врска, тоа е уште еден знак дека врската не е како што треба.rnrnСреќните луѓе не ги прашуваат своите пријатели какво мислење имаат за нивната врска, тие едноставно се среќни. Ако постојано ја анализирате вашата врска, тоа е знак дека се појавуваат големи проблеми.rnrnВреме е да го побарате она што навистина го заслужувате. Престанете да размислувате дека тоа што го имате е доволно добро и бидете храбри да направите промена. Можеби сега ви изгледа тешко, но дали навистина сакате да се разбудите по 10 години и да се прашувате на што го потрошивте вашето време?rnrnПрочитајте кои 6 знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.