Веќе пишувавме кои бои на коса ќе бидат популарни оваа сезона, но сепак одлучивме подетално да се задржиме на еден од најпопуларните трендови.rnrn
rnrnДоколку судиме по социјалните мрежи, како што се Пинтерест и Инстаграм, тогаш најпопуларниот начин на бојадисување на косата за оваа сезона својата инспирација ја пронајде во древниот полускапоцен камен „тигрево око“, во кој се прелеваат богати нијанси на кафеава и златна боја.rnrn
rnrnТехниката на која овој камен се рекреира во косата е слична како бајлажот, а како резултат се добива убава и природна нијанса која е лесна за одржување. За идеална верзија експертите за коса на подлога од топла или темна чоколадна боја со помош на четката ќе нанесат прамени со нијанса на златна карамела. Резултатот е преубава боја која се прелива од темно кафеава во темно златна нијанса слична на карамела.rnrn
rnrnТигревото око е камен кој е познат за зголемување на самодовербата и заштита, па може ли оваа боја за коса да има сличен ефект?rnrn
Тигрево око: Хит боја на коса за оваа сезона















