Филм за несебичното преземање секаков ризик за да ù се помогне на саканата, за неочекуваните пресврти кои животот најчесто и ни ги носи, за емотивноста, но и за суровостаrnrnrn
Режија: Николас Виндинг РефнrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Кери Мулиган, Алберт БрукrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 мај 2011rnrnЖанр: акција, драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНе знаеш дали е ангел-серафим или пак лудак, кој во зенитот на лутината може да расчепи човечки череп со кожената чизма. Дали сето ова го прави затоа што мора или пак во некои делови малку повеќе ужива и е предобар? Само што ќе те повлече на едната страна и во главата ќе ти се сврти мислата „Сепак само се обидува да ја спаси девојката“, веднаш те враќа малку наназад. Тоа е тој. Безимениот возач. Човек со малку зборови кој игра единствено по сопствените правила. rnrnВака опишан можеби ви изгледа како уште еден акционен херој во серијата на Стивен Сигал, Арнолд Шварценегери и Силвестер Сталони, но ликот на Рајан Гослинг е далеку потемен и повеќеслоен од кој било од нив. Толку многу е кажано со толку малку текст. А поради комплетната филмска композиција, „Возење“ е далеку поуметнички, попоетичен филм од која било акциона „пуканки и кока-кола“ приказна.rn————————————————————————————————————————————————–rnrn
rnПриказна: Возачот нема име. Го запознаваме додека е зад воланот во текот на една кражба. Тој им остава на крадците пет минути за да ја завршат својата работа, не носи оружје и не зборува многу. Само така и работи.rnrnНо возачот во текот на денот работи и како филмски каскадер, а и во авто-механичарска работилница. Само пет минути се потребни за да видиме сè што е потребно иако тој кажува едвај една реченица. Целиот негов живот е врзан со автомобилите, а она што останува и не е многу. Но, целата таа негова фасада почнува да се рони откако ја запознава сосетката Ајрин (Кери Мулиган), која е сама со нејзиниот син додека сопругот ù е во затвор. Иако меѓу нив не гледаме никакви љубовни сцени, ниту пак некакви допири, толку добро е портретирано суптилното градење на еден нежен, чист однос. Но ова не е среќна приказна и треба само да видите зошто.
Додека минуваат минутите во „Возење“, речиси во секој момент имате барем по едно мало неодговорено прашање кое ве „копка“, па од пасивен, се трасформирате во љубопитен гледач и чекате одговор на некое „зошто“ и „како“.rnrnРајан Гослинг својот лик го гради и зацврстува меѓу вербалните паузи, а верувајте дека ги има многу. И иако во периодов е пред сè познат како момчето по кое тинејџерките лудуваат или едноставно кажано „poster boy“, Рајан почнува паметно да гради и сериозен актерски багаж, кој со сигурност ќе го одвои од трупата холивудски глумци кои самите себеси се заглавуваат во еден актерски калап и постојано одбираат ист тип улоги. Веднаш до него во „Возење“ е Кери Мулиган. Со оглед дека Гослинг го крева нивото во филмот, оваа млада актерка е веднаш до него и според емоцијата и според точните реакции.
Кинематографија и музика: Данскиот режисер Николас Виндинг Рефн работи на холивудска продукција, но во повеќето аспекти не прави некои особени уметнички компромиси. Светлото на моменти го употребува како да се работи за театарска претстава, а тоа во практика функционира совршено. Музиката е толку забележливо присутна, но толку не пречи, туку само убаво го акцентира и засилува моментот, особено главната песна, „Under your spell“ на Desire.
Кога и како да го гледате: Мора да напоменеме дека на моменти во филмот има и исклучително насилни сцени така што одлучете дали имате доволно нерви да го погледнете. Сепак, ова е филм кој оди од плус во минус, од убивање до најнежната сцена на целиот свет. Секако подобро е ноќно време и гледајте го сами. Ако го даваат во некое кино, големото платно е одличен избор.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбукrn
