КАФЕ ПАУЗА

6 знаци што откриваат дека тој е вистинскиот за вас

6 знаци што откриваат дека тој е вистинскиот за вас

Вистинската љубов не значи само да бидете достапни кога партнерот ќе ве повика среде ноќ бидејќи има страшни кошмари. Не е доволно партнерот само да ви ветува дека ќе остане со вас до последниот здив, туку потребно е многу повеќе од тоа за да ја заслужи вашата љубов. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека тој е вистинскиот човек за вас.rnrn6 знаци што откриваат дека тој е вистинскиот за васrn

1. Тој не се бори за вашите битки наместо вас

rnОвој човек ве учи како да застанете на свои нозе додека тој само стои покрај вас. Тој не ве тера да се потпирате на него и да не знаете што да направите кога тој не е тука.rnrnБез разлика каде е партнерот во моментот, вие знаете дека тој е во вашето срце за да ве охрабри и да ви даде сила. Тој ве охрабрува секогаш да бидете силни, да се борите и да застанете на сопствени нозе.rn

2. Вистинскиот човек ја разбира вашата емоционална нерамнотежа

rnТој го разбира вашето „не знам“ и ви поставува бесконечно многу прашања сè додека не открие што не е во ред. Оваа личност бара начини како да ве расположи и да ве направи среќни. Тој прави сè што е потребно за да ви ја намали вознемиреноста.rnrnВистинскиот партнер не ги занемарува вашите емоции како што тоа го прават другите. Наместо тоа, тој ги прифаќа вашите хормонални превирања и ментални падови и секогаш е тука за вас.rn

3. Вистинскиот партнер прави да се чувствувате како совршено составена сложувалка

rnТој не го избира полесниот пат и не ве остава сама. Наместо тоа, тој ги отстранува сите ваши несигурности и прави да се чувствувате безбедно и ве учи како да станете отпорни.rnrnВистинскиот човек не сака да ве гледа повредени. За него не е важно тоа што ги слуша истите работи одново и одново. Тој се однесува како првпат да го слуша тоа само за да ја извади целата агонија што се наоѓа во вас.rn

4. Прави да се чувствувате како да сте биле слепи пред да бидете со него

rnОвој човек го бои вашиот свет во нијанси што порано не сте ги виделе. Тој сака да гледа како блескате од среќа и секогаш се труди да гледа радост на вашето лице.rnrnВистинскиот човек прави да верувате дека сè уште постојат многу работи што не сте ги искусиле, без разлика на тоа колку години имате или колку искуства сте преживеале.rn

5. Вистинскиот човек не се чувствува загрозено поради вашата моќ

rnВистинскиот партнер сака да види како цврсто стоите на земја, а ако паднете, тој е тука за да ви помогне да станете.rnrnТој никогаш нема да ве деградира само за да може да се чувствува супериорен и не чувствува дека вашата сила го прави него помалку вреден. Тој никогаш не би ја потиснал љубовта што ја чувствувате кон себе со цел да ве контролира.rn

6. Вистинскиот човек не се обидува да ја затемни вашата светлина

rnНему не му пречи тоа што вашите пријатели сакаат да бидат околу вас, што се смеат на вашите шеги или што ви обрнуваат внимание додека зборувате. Напротив, тој се чувствува горд што ве избрал вас и не ве крие од своите пријатели. Наместо тоа, тој ве покажува пред нив не плашејќи се дека тие можеби повеќе ќе ве сакаат вас отколку што го сакаат него.rnrnПрочитајте кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.