Зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени?
Мајките мораат да се справуваат со многу нешта истовремено. Рано наутро, децата почнуваат да плачат и да бараат појадок, сопругот прашува каде е неговата омилена маица, па дури и кучето почнува да бара љубов и внимание. Сите овие обврски можеби се многубројни, но мајките сепак се првите кои се будат наутро, а последните што одат во кревет навечер, па и покрај тоа успешно го раководат домаќинството.
А, еве ги и причините зошто мајките не си легнуваат до доцна навечер:
Мајките знаат дека нивните деца нема веднаш да заспијат
Замислете совршена, тивка семејна вечер. Децата ги четкаат забите, ги облекуваат пижамите и одат во кревет. Мајката ги бакнува за добра ноќ и оди во другата соба, конечно да си посвети малку време на себе. Но, 10 минути подоцна, едно дете доаѓа до неа и бара вода, а потоа и приказна. И толку од желбата да си посветите внимание.
Искусните мајки знаат дека децата може да се сетат дека некоја потреба не им е задоволена откако ќе заминат на спиење, па затоа нема поента порано да си легнуваат бидејќи секако ќе ве вознемират подоцна.
Мајките мора да ги завршат домашните обврски
Сопрузите се совршено способни да извршат многу домашни обврски како чистење на куќата, иако тоа можеби не е лесна задача, дури ни за двајца возрасни. Затоа, мајките жртвуваат од својот сон за да ја исчистат куќата и да бидат сигурни дека секој член на семејството е подготвен за наредниот ден.
Тие прават список за во продавница, закажуваат прегледи и го планираат одморот. Можеби тоа не делуваат како големи обврски, но всушност овие активности бараат многу внимателно планирање на деталите.
На мајките очајно им треба време само за нив
Работата на мајката никогаш не е завршена. Некои мајки се шегуваат дека дури и туширањето се претвора во невозможна мисија откако добиле деца. Затоа им треба „време за себе“. Не е важно дали тоа значи подолго уживање во топлата купка, гледање серии, или вежбање.
И покрај силната поврзаност со своите деца, мајките сепак се одделни човечки суштества кои треба да ги остварат своите интереси за да бидат задоволни и среќни.
Мајките посакуваат да си ги вратат личните граници
По еден напорен ден со децата, сè што една мајка сака е да помине некое време сама во тишина без да биде вознемирувана. И покрај тоа што децата и вашите најблиски се вашиот благослов, многу мајки се чувствуваат презаситено поради постојаната комуникација.
Децата бараат многу внимание и сакаат постојано да бидат околу нивната мајка, така што тоа може да се помеша во личните граници на мајката и да предизвика психолошка непријатност. Па така, тивките ноќни часови може да бидат единственото време кога мајките навистина целосно си припаѓаат себеси.
Мајките сакаат да им посветат време и на другите луѓе во нивните животи
Најголемиот дел од животот на секоја мајка се врти околу нејзините деца, иако има и други важни луѓе со кои таа би сакала да помине некое време. Романтичните вечери со партнерот или едночасовните интимни разговори со најдобрата пријателка ретко се случуваат кога децата се дома.
Воспоставувањето други социјални врски и градењето односи со луѓето е важно за менталната благосостојба на мајката, па понекогаш вечерта е единственото време кога таа може да го стори тоа.
Мајките сакаат да се фокусираат на нивните амбиции
Многу мајки имаат и своја кариера која би требало да ја градат. Додека некои успеваат да се справат со канцелариската работа и домашните обврски, други избираат да работат хонорарно. Некои мајки сонуваат за унапредување или нова професија.
Извршувањето на работните задачи, посетата на курсеви за едукација и завршувањето на домашните задачи бара многу концентрација и време. Значи, за многу мајки, доцните вечерни часови се единственото време кога тие може да се посветат на своите кариери и личниот развој.
Мајките го следат нивниот природен биолошки ритам
Некои луѓе не се родени да одат во кревет во 22 часот. Дури и кога имаат деца не можат да го променат тоа. Можеби ќе бидат ненаспани наутро, но ноќта е единственото време кога тие може да го завршат планираното. „Ноќните птици“ се чувствуваат најудобно и се попродуктивни во текот на ноќта. Нивните тела не можат да се навикнат на распоредот на нивните деца бидејќи тоа е спротивно на нивниот биолошки биоритам. Па, така и покрај уморот тие остануваат будни до доцна во ноќта.
Можеби сакате да дознаете и дека на кариерата на жените не ѝ штетат децата, туку мажите.