„24hoursofHappy“ е музички и видео проект кој буквално има можност да ви покаже што е среќа во текот на 24 часа. Ова е првото 24-часовно музичко видео, а режирано е од страна на „We Are From L.A“.rnrn
rnrnСпотот содржи 360 секвенци снимени во Лос Анџелес и во него се појавуваат многу познати и непознати личности чие танцување има моќ да ве направи посреќни. Дополнително, можете да „шетате“ низ 24-те часа среќа преку часовникот-мапа за да видите што повеќе различни луѓе кои го имаат изиграно својот среќен танц.rnrnПесната „Happy“ е дел од саундтракот на филмот Despicable me 2.rnrn
rnrnГледајте го видеоспотот во 4-минутна верзија, а ако почувствувате дека станувате посреќни, задолжително продолжете да се полните со позитивна енергија на официјалниот сајт на проектот и слушајте ја песната, барем додека не ви се здосади.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.:)