КАФЕ ПАУЗА

Прв пат во Македонија – премиерa на сериите „Милијарди“ и „Без граници“

Дека Македонија конечно фати чекор со остатокот од светот по прашањето на новите серии, докажуваат новите премиери закажани за јануари на Pickbox кои имаме прилика да ги гледаме први. Од 12.1 понудата за гледање ќе се збогати со серијата Без граници (Limitless), снимена по истоимениот филм со Бредли Купер, а од 18.1 доаѓа напнатата драма Милијарди (Billions), со наградуваните глумци Пол Џијамати  и Демијан Луис.rnrnLIMITLESSrn

Искористи го мозокот до крајни граници со „Без граници“

rnОтвори си го умот со новата серија Limitless и дознај како е да се издрогираш “Без граници“ што ти  овозможува да го искористиш мозокот до крајни граници!rnrnБредли Купер го гледавме во филмот „Без граници“ (Limitless), како од писател се претвора во финансиски експерт, а сега пред нас е подеднакво добрата серија инспирирана од филмот. Бредли овој пат настапува во споредна улога, (но и во улога на продуцент), а главниот јунак во серијата е Брајан Финч, (го глуми младиот Џејк Мек Дорман) кој го регрутира секогаш спремниот ФБИ.rnrn12 епизоди од „Без граници“ ќе бидат достапни од 12 јануари, а од 20 јануари нови епизоди доаѓа ат на Pickbox 24 часа по американската премиера.rnrn2-prv-pat-vo-makedonija-premiera-na-seriite-milijardi-i-bez-granici-kafepauza.mkrn

Парите го вртат светот, но моќта е најсилната валута

rnВлоговите се големи, загубите се сметаат во милијарди, но се е спремно за двобојот на годината на 18.01. на Pickbox, 24 часа по американската премиера.rnrnПо големите хитови Татковина (Homeland), Декстер, Бесрамникот (Shameless), Доктори за секс (Masters of Sex), со нетрпение ја очекуваме најсилната серија досега на Showtime, „Милијарди“ (Billions).rnrnВо Милијарди гледаме два холивудски великани, Пол Џијамати и Демијан Луис, повеќекратни добитници на Златен Глобус и Еми. Едниот го претставува лицето на правдата, често по малку изобличено, а другиот лицето на американскиот сон и слепата љубов кон парите која има своја цена. Пол Џијамати е во улогата на остроумниот и способен адвокат Чак Роудс, а ако ви се допадна Демијан Луис во Татковина (Homeland), ќе ви се допадне и како кралот на финансискиот пазар, Боби Екслрод во Милијарди (Billions).rnrnИ двата главни ликови имаат неверојатно проблематичен однос кон парите. Всушност, сите луѓе на светот го имаат истиот проблем. Но посебно Американците имаат неверојатни нервози и конфликти околу тоа како сте ги стекнале парите и како ги користите. Нивниот однос кон парите е многу комплициран, а затоа и многу интересен. Мислам дека тоа е она што ја прави нашата серија интересна, кажа Пол Џијамати.rn

Богат и возбудлив јануари со 19 премиери

rnОсвен Шерлок специјалот кој имаше премиера на Pickbox паралелно со светската, ЦСИ Кибер и Државна секретарка (Madam Secretary), покрај 19-те премиерни серии, понудата на Pickbox дополнително ќе ја комплетираат и неизоставните Сплетки на 15.01.! Некому можеби му е прв пат, некому петнаесетти, но Сплетки без проблем се гледаат и сто пати!