Повеќето парчиња облека се модни класици што веројатно ги имате во вашиот плакар, така што новата мода не мора да значи празен паричник. Најновите пролетни колекции се веќе претставени на модните ревии и сосема е јасно кои парчиња облека ќе бидат апсолутен хит оваа пролет. Погледнете за каква облека станува збор.rn
1. Тренерки во гламурозен стил
rnИзберете гламурозен модел што ќе изгледа елегантно и луксузно во комбинација со потпетици и со елегантна чанта.rn
2. Панталони и високи чизми
rnИако сте навикнати да носите високи чизми над тесни фармерки или под широки панталони, оваа сезона широките панталони ќе се вовлекуваат во чизмите.rn
3. Капути и јакни со крзнена јака
rnТренд што постојано се враќа во мода.rn
4. Неутрални тонови
rnВеднаш штом ќе ги видите првите зраци на пролетното сонце имате желба да направите неодолива пастелна комбинација. Сепак, оваа пролет повеќе ќе се носат неутрални нијанси како бела, кремова, светлосива и сл.rn
5. Чанта како впечатлив детаљ
rnКолку повеќе е неутрална комбинацијата на облеката, толку повпечатлива може да биде чантата.rn
6. Кожена облека
rnНе е важно дали е здолниште, панталони или нешто друго, кожата е во тренд и оваа пролет. Едно кожено парче облека ќе ја направи целата комбинација повпечатлива и нема да останете незабележани.rn
7. Венче за коса
rnАко поради некоја причина не носите впечатлива чанта, можете да носите впечатливо венче за коса. Правилото е исто – колку повпечатливо, толку подобро.
Погледнете како да го скриете вишокот килограми со помош на боите на облеката.

