Колку е потребно за да сфатиме кој навистина ни е важен во животот…rnrn
Режија: Лоне ШерфигrnrnУлоги: Ен Хатавеј, Џим Старџис, Патриша Кларксон, Реф Спол, Ромола ГарајrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 19 август 2011rnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка:[ratings]rn
rn„Еден ден“ (One Day) е уште еден од серијата филмови снимени според роматнични романи кои одлично поминале кај читателската публика. За разлика од повеќето кои ги гледавме во изминатите години кои се вртат исклучиво околу тоа дали главните ликови ќе живеат заедно засекогаш или не, овој задира и во една друга тема. Во животните приказни на Ема (Ен Хатавеј) и Декстер (Џим Старџис) гледаме двајца млади луѓе покрај кои поминува животот исполнет со погрешни избори, додека тие никако не можат да сфатат кој им е навистина важен во животот.
Ема и Декстер ќе се сретнат на 15 јули 1988 година, на денот на нивното дипломирање. Ќе ја поминат ноќта заедно, но потоа ќе решат да останат само пријатели. Од тој момент, па во следните дваесет години, дејствието во целиот филм се одвива главно на 15 јули, но во различна година.
Декстер станува успешен ТВ водител. Ема, пак, е истата повлечена девојка и работи во еден мексикански ресторан за да се издржува додека стане писателка. Ема и Декстер цело време се слушаат по телефон, а не пропуштаат да го одржат ритуалот да се видат на 15 јули секоја година. Тогаш разговараат за тоа до каде стигнале со својот живот. Иако меѓу нив се чувствува сексуална хемија и силен емоционален набој, тие никако не се решаваат да се впуштат во врска.
Џим Старџис брилијантно го доловува ликот на Декстер – самоуверен, дури малку арогантен богат шармер кому одвреме–навреме добро му доаѓа приземноста на Ема. Сепак, нејзиниот лик е малку послабо одигран од Ен Хатавеј. Таа не е вообичаена слатка, ранлива, секси девојка од романтичните драми. На моменти остава впечаток на премногу рационална личност, како намерно да сака да ја потисне хемијата меѓу нив. На човек дури му е тешко да навива тие да завршат двајцата заедно на крајот.
Сепак, мора да се оддаде признание за ефикасното прикажување на темата која ја спомнавме погоре. Во време кога секој секојдневно се прашува дали ги прави вистинските избори во животот, овој филм успева да го прикаже тоа преку една ваква сентиментална приказна во која многумина ќе се пронајдат. Додека ги гледате двајцата, од еден 15 јули до друг, постојано ќе се прашувате колку ли ќе им биде потребно за конечно да сфатат дека се еден за друг, дека животот им понудил убава можност за среќа која тие не можат да ја видат?! Или дали воопшто ќе го сфатат тоа пред да биде предоцна?
На крајот на краиштата, оваа драма исполнета со романтика и исчекување вреди да се погледне. Ако ве импресионирале Лудо вљубени (Like Crazy), Страници на нашата љубов (The Notebook), Завет (The Vow) и сличните на нив, ќе сакате да го изгледате и овој, иако не е класична бајка како повеќето од нив.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
