Пред осум години, грузиската уметница Тамара Квеситадзе (Tamara Kvesitadze) го вчудовиди светот кога ја создаде статуата „Али и Нино“. Впечатливата 9-метарски висока кинетичка скулптура е поставена на пристаништето Батуми во Грузија. Таму, гледачите можат да бидат сведоци на нејзината бескрајна почит кон една од најтрагичните љубовни приказни досега.rnrn
rnrnПрвичното име на проектот било „Маж и жена“ и датира од 2007 година. Потребни биле три години за да се заврши скулптурата. До моментот кога била инсталирана, Тамара ја преименувала во „Али и Нино“. Оваа скулптура во движење ќе ве наведе да го доживеете чувството за пораката која ја носи, за помалку од десет минути.rnrn
rnrnРоманот на Курбан Саид од 1937 година со истото име е инспирација за да се создаде оваа статуа во движење. Во романот се раскажува за љубовната врска меѓу муслиманскиот Азербејџанец, со име Али, и Нино, христијанска грузиска принцеза од времето на Првата светска војна. Љубовниците ги надминале верските и културните разлики, а статуата сведочи за нивната љубов.rnrn
rnrnСепак, инвазијата на Советска Русија ги разделила вљубените. Кога Али морал да избере меѓу семејството и земјата, Али избрал да умре храбро за својата земја. Сè уште се дебатира дали приказната всушност се темели на вистински настани. Но, реално или не, приказната останува да биде една од најромантичните што некогаш биле создадени. Доколку сакате да дознаете повеќе за приказната за овие љубовници, за нив е снимен и филм во 2016 година.rnrn
rnrnПогледнете како изгледа статуата во движење…rnrnhttps://youtu.be/P7XVqVSLLdErnrnМожеби сакате да прочитате и за импресивната скулптура во Венеција која испраќа порака за единство.
Неверојатната подвижна статуа на Али и Нино ја симболизира трагичната љубов – тие се бакнуваат секојпат кога ќе се разминат
