Во текот на ладните есенски и зимски денови, поголемиот дел од вашите украсни растенија најдобро е да ги внесете дома. Но, постојат две места во домот кои никако не им одговараат (истото важи и за цвеќињата кои постојано ги чувате внатре).rnrn
rn
Каде да ги чувате вашите украсни растенија?
rnВо прашање се места покрај прозорците низ кои пробива ладен воздух (треба да внимавате и листовите од цвеќињата да не ги допираат ладните прозорски стакла) и местата што се покрај извори на топлина, како печка или радијатор, затоа што топлината ја извлекува влагата од растенијата, па тие може брзо да се исушат.rnrnТоа ќе го забележите по листовите кои постепено избледуваат, односно почнуваат да венеат.rn
Поретко полевање на украсните растенија во текот на зимата
rnПоради намалената сончева светлина, домашните растенија во текот на зимата растат побавно, па заради тоа не им треба толку вода како во топлите месеци. Претераното полевање може да им предизвика различни болести на растенијата.rn
Што повеќе светлина
rnБидејќи има помалку сончева светлина, обидете се да ги тргнете сите пречки кои може да предизвикаат намалена апсорпција на светлина кај растенијата. Затоа и редовно бришете им ја прашината од листовите.rnrnПрочитајте и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња.
