Подигнете ја раката доколку веќе ви е мака од истите модели на чевли и чизми кои секојдневно ги гледате. Оставете ја раката во воздух доколку едвај го чекате првиот пролетен педикир. Да, не сте сами! Во продолжение ви ги претставуваме седумте модели на чевли кои ќе бидат најголем тренд во 2017-та година.rn
1. Што било кадифено
rnНе, овој луксузен материјал не е само одличен за во зима и не е само за чизми. Овој тренд ќе го гледате во текот на целата година на сè, од патики до сандали.rnrn
rn
2. Што било со токи
rnЗнаеме, знаеме, вашите омилени балетанки на врзување и понатаму се хит. Но, со ова едноставно надградување, вашите обувки ќе добијат вистински „еџи панк лук“. Токите не се резервирани само за моторџиските чизми до глуждови и оваа година ќе ги гледаме насекаде.rnrn
rn
3. Спортски папучи
rnОвие гумени папучи ги обожаваат ѕвездите како Ријана, Кајли Куоко, Кајли Џенер и останатите. Тие се само малку поразлични од апостолките. Но, исто така се и неверојатно удобни.rnrn
rn
4. Што било металик
rnОва се вистински гламурозни обувки. Оваа година новата „неутрална“ се златната, сребрената и која било друга сјајна металик нијанса што ја преферирате. Лесно ќе можете да ги комбинирате со сите ваши парчиња облека.rnrn
rn
5. Необични детали
rnДали тоа се цветови на вашите чизми? Најсериозно, во новата година ќе носиме приврзоци, везови, апликации и принтови какви што не сме виделе досега. Кажете им „збогум“ на досадните бели патики.rnrn
rn
6. Патики на навлекување
rnВаријациите на овој модел на чевли можете да ги видите насекаде. Ако ги немате, ова е годината во која ќе се запознаете со овие тренди обувки.rnrn
rn
7. Чевли со ремче зад петата
rnИскрено, ова се оние чевли кои ги носи вашата баба, но многу подобри. Модерната варијанта на овие чевли би ги обожавала и самата Коко Шанел.rnrn