Понекогаш се случува уште од самото будење да се чувствуваме поспано и уморно, без разлика дали претходната вечер сме биле излезени со пријателите, сме останале дома да гледаме филм или сме си легнале рано. Често, имаме многу обврски, па тие придонесуваат да се измориме во текот на денот и да ни се приспие. Следете ги овие неколку трикови, за да можете следниот пат да си помогнете кога ќе бидете поспани.rn
1. Не претерувајте со кофеинот
rn
rnrnМожеби во прв момент ви се чини како добра идеја да испиете двојна доза кафе или неколку шолји една по друга. Но, доколку сте многу уморни, ако претерате со кофеинот можете да станете непотребно нервозни, срцето да ви работи побрзо и повеќе да се потите. Задржете се на една шолјичка кафе и подобро изедете нешто здраво што ќе ве наполни со енергија.rn
2. Набавете минерална вода за лице во спреј
rn
rnrnИмајте ја секогаш со себе, кога сакате да постигнете освежен изглед на лицето. Доколку е со некаква арома, може да ги размрда вашите сетила и да го разбуди задреманиот ум. Најдобро е да биде ладна, за полесно да ве разбуди.rn
3. Слушајте музика
rn
rnrnМузиката има неверојатно силно дејство врз нашиот ум. Доколку не можете да ја пуштите гласно, користете слушалки за да ги слушате вашите омилени песни кои инаку ве тераат да танцувате, за да можете да го „подигнете“ вашето уморно тело.rn
4. Пијте по една чаша вода на секој час
rn
rnrnХидратацијата на телото е важна за да може правилно да се одвиваат метаболитичките процеси. Пијте ладна вода доколку ви е потребно инстантно будење, а во остатокот од денот можете да пиете и вода на собна температура. Испијте по една чаша на секој еден саат, за сјајна кожа и повеќе енергија.rnrnПрочитајте ги и овие причини за замор и малаксаност во текот на денот.
