КАФЕ ПАУЗА

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Потребна е само една состојка за да го претворите вашето здодевно утринско смуди во нешто возбудливо и ново. Станува збор за чиа семки! Но, не дозволувајте нивната големина да ве залаже, бидејќи тие спаѓаат во категоријата суперхрана, поради хранливите состојки кои ги содржат. Всушност, тие се еден од најздравите избори за вашето срце.rnrnСмуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светотrnrnМожеби веќе го знаете ова, но за секој случај, да повториме што точно се случува кога користите чиа семки на овој начин. Кога ги мешате овие семки со течност, и ги оставате да отстојат на кратко, тие стануваат како желатин и ја претвораат течноста во пудинг. Токму овој трик е еден од супермоќите на оваа суперхрана, бидејќи ви помага побрзо и подолго да се почувствувате сити.rnrnСмуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светотrnrnНо, наместо само да ги фрлите семките во вашиот утрински микс, треба да им овозможите малку време да се прошират во фрижидерот. Ова може да биде направено преку ноќ или пак, наутро ако не сте во брзање. Откако ќе го комбинирате омиленото смуди со чиа семки, подгответе се за вкусна трансформација, бидејќи вашиот појадок ќе се претвори во десерт.rnrnСмуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светотrnrnВо продолжение ви оставаме и еден смуди рецепт, претворен во пудинг со чиа семки, но вие самите можете да одберете кое овошје ќе го користите при процесот.rn

Смуди со авокадо и семки од чиа

rnСмуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светотrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 1/2 авокадо
  • rn011

  • Една рака смрзнат ананас, исечкан на парчиња
  • rn011

  • 1 лажица ленено семе
  • rn011

  • 1 лажица млеко од кокос
  • rn011

  • Неколку лажици чиа семки (одберете ја густината според ваш вкус)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги сите состојки во блендер, освен чиа семките и добро изматете. Сипете во длабок сад, додајте ги чиа семките и оставете го смудито во фрижидер да отстои. Смесата треба да добие густина како пудинг и потоа е подготвена за јадење. Пријатен појадок!