Каде грешите? 10 совети за здрави, цврсти и убави нокти
Намаленото количество на железо или витамин Б кое го внесуваме со исхраната, како и грицкањето нокти, или секојдневното куцање на тастатура можат многу да ги ослабат ноктите.
Вашите раце се одраз на здравјето. Како и кожата, така и ноктите можат да почнат да губат влажност, што може да доведе до тоа да станат кревки, слаби и суви. Освен тоа, она што ќе го видите на површината на ноктите укажува на промените во здравствената состојба. Затоа, ако ви се чини дека никако не можете да имате уредни и свежо маникирани нокти, не го занемарувајте проблемот. Еве десет најчести причини поради кои ноктите ви изгледаат нездраво.
1. Постојано ги грицкате ноктите
Недостаток на концентрација, нервоза, досада – не е важна причината. Ако ги грицкате ноктите, ќе направите да станат кршливи и повеќе изложени на инфекции. Плунката содржи ензими кои ја разградуваат храната и може да им наштетат на ноктите и кожата околу нив. Така се создава простор низ кој може да нападнат габите и бактериите.
Прва помош: Сечете ги ноктите кратко и уредно средете ги. Така ќе ви биде потешко да ги грицкате. Можете да пробате да ги мачкате и со посебни гелови кои имаат непријатен вкус.
2. Премалку железо на чинијата
Нездравите нокти можат да бидат последица на недостаток на железо во исхраната. Железото формира хемоглобин, молекула која ги движи црвените крвни зрна кон ноктите. Намаленото железо го забавува и растот на ноктите.
Прва помош: Направете крвна слика за да го видите количеството на железо во крвта. Ако е ниско, јадете повеќе говедско месо, спанаќ, мешунки и црна чоколада.
3. Помалку витамин Б
Можеби мислите дека убавината нема врска со витамините, но постојат докази дека биотинот, односно витаминот Б кој е вграден во косата и ноктите ја зајакнува неговата структура. Доколку ви недостасува биотин тогаш ноктите се делат на слоеви и пукааат на рабовите.
Прва помош: Ако во вашата исхрана недостасува храна богата со биотин (јајца, говедско месо, лешници), земајте го како додаток.
4. Пишување на телефон
Постојаното пишување на телефон не ги нервира само луѓето околу вас, туку и вашите нокти. Поради тоа доаѓа до пукање на рабовите.
Прва помош: Скратете ги ноктите. Со тоа ќе изгледаат поуредно и нема да ги удирате кога ќе пишувате.
5. Премалку крема за раце
Имајте на ум дека треба да нанесувате крема за раце секогаш откако ќе ги намокрите рацете. Водата ги суши ноктите, па затоа често пукаат или се суви.
Прва помош: Најдете лосион кој брзо се впива и мачкајте ги рацете неколкупати на ден.
6. Претерувате со дезинфекција
Како што водата ги суши рацете, така и средствата за дезинфекција ги сушат ноктите. Поради тоа, тие стануваат кревки. Средствата за дезинфекција имаат многу алкохол, при што ги сушат ноктите.
Прва помош: Ако морате да ги дезинфицирате рацете, обидете се да го одбегнете делот околу ноктите. Ако немате избор, тогаш барем гледајте често да ги мачкате рацете со крема.
7. Лакот за нокти стои предолго
Сите лакови содржат супстанци за сушење, при што плочата на нокотот се пресушува и ослабува. Дури ни лаковите кои ги зацврстуваат ноктите не се добри за вашите нокти.
Прва помош: Вадете го лакот на секои пет дена и дајте им на ноктите неколку дена да се одморат.
8. Ноктите не го сакаат ацетонот
Различните видови течности за вадење на лакот од ноктите не се здрави за нив. Ацетонот ги вади природните масла од нокотот заедно со лакот и ги остава ноктите кревки.
Прва помош: Пробајте да најдете средство за вадење лак на база на соја кое не содржи ацетон.
9. Основниот лак не е потребен
Ако ставате лак како основа на ноктите, тогаш ги полните ноктите со многу хемикалии кои ја оштетуваат плочата.
Прва помош: Пред да ставите лак за нокти, нанесете малку крема за раце и нокти. Ќе ги хидрираат и ќе ја намалат штетата од лакот за ноктите кој потоа ќе го нанесете.
10. Не ја отстранувајте кожата околу ноктите
Кожата служи за да го заштити коренот на нокотот од вода, бактерии и сѐ што може да се собере на раката. Ако ги сечете, ќе тргнете важна заштита.
Прва помош: Кожичката полека втиснете ја кон коренот на нокотот. Правете го тоа секој ден кога ќе се туширате, тогаш ќе биде помека.
Прочитајте и за овие 10 природни начини да се справите со кршливите нокти.