Во април ќе биде отворен хотел на најсеверната точка на светот. За да престојувате во него треба да издвоите барем 100.000 евра.rnrn
rnrnДоколку сакате да го гледате природниот феномен аурора бореалис додека лежите на кревет во хотелска соба, вашата желба наскоро може да биде исполнета. Такво доживување ќе нуди еден привремен хотел кој ќе биде сместен на Северниот пол. Единствениот услов е да имате барем 100.000 евра на вашата сметка.rnrn
rnrnПривремениот хотел „North Pole Igloos“ ќе биде отворен на најсеверната точка на светот во април, 2020 година. Хотелот ќе нуди 10 стаклени „соби“ од кои гостите ќе имаат поглед на ѕвездите и на поларната светлина која може да се види во овој дел од светот.rnrnПонудата од 100.000 евра вклучува две ноќевања на островот Свалбард, летот до и од Северниот пол, како и лет со хеликоптер до хотелот и едно ноќевање на полот.rnrn
rnrnСеверниот пол е недостапен во текот на поголемиот дел од годината, но во април може да се стигне до него со хеликоптер. Во јуни и јули до него се стигнува со брод. Секоја година, околу 1.000 луѓе доаѓаат на Северниот пол.rnrnПривремениот хотел нема да биде фиксен, туку ќе се преместува на најсигурните места соодветно на временските услови. Собите на хотелот ќе бидат достапни за користење во текот на април, додека во останатиот дел од годината ќе бидат преместени на островот Свалбард, кој се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот пол.rnrnСледно, погледнете како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?
Како ќе изгледа најсеверниот хотел во светот?
