Произведувачите на барбики ја создале првата кукла со неутрален пол
Оваа барбика може да биде девојче, момче, двете или ниту едно. Мател, истата компанија која ја создала барбиката, ја создала и првата кукла во светот со неутрален пол со надеж дека ќе го редефинираат начинот на кој децата си играат со куклите, притоа бришејќи ги сите табуа.
„Играчките се рефлексија на културата и додека светот продолжено го слави позитивното влијание на прифаќањето, ние сметавме дека е време да создадеме кукла која нема никакви етикети“, изјавил Ким Кулмон, сениор потпретседател на компанијата.
Оваа кула е достапна во повеќе нијанси на кожата. Може да биде стилизирана со долга коса, облечена во панталони, здолниште или шорцеви, а исто така има и три стилови на чевли, очила и други модни додатоци. На оваа кукла, усните не се премногу полни, трепките не се премногу долги и вилицата не е премногу широка. Ги нема големите гради на барбиките или широките рамена на кеновите.
Веќе некое време, милениумците се обидуваат да се спротивстават на половите стереотипи кај играчките. И големите произведувачи слушаат. Нивните купувачки навики веќе влијаеле да се тргнат етикетите „за девојчиња“ и „за момчиња“ за детските костими, повикувајќи ги сите девојчиња да се маскираат како Капетан Америка и сите момчиња како Убавицата.
Овие кукли ќе чинат околу 28 евра од парче, и ќе го носат слоганот: „Серија кукли дизајнирана да ги држи етикетите надвор и да ги покани сите внатре.“ Со овој чекор, компанијата се обидува да направи големи промени во размислувањето на пошироката публика и да ги задоволи желбите на сите родители чии деца бараат нетрадиционални играчки.
Би му дозволиле ли на вашето дете да си игра со барбика доилка?