Стереотипите околу доењето се вообичаени. Но, оваа жена и мајка верува дека е време тие да бидат срушени, така што се обидува да им помогне на децата подобро да го разберат доењето и мајчинството.rnrn
rnrnБети Страхан од Брисбејн го претворила нејзиното некогашно хоби во бизнис, продавајќи на Интернет бремени барбики, барбики доилки или пак, барбики родители. Оваа 28-годишна мајка, пред четири години започнала да ги креира барбиките за нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години. Сепак, таа веднаш ја претворила својата идеја во бизнис.rnrn
rnrnОткако почнала да ги продава барбиките доилки на Интернет, тие се покажале како многу популарни.rnrn
rnrnИако популарноста е добра вест за неа, оваа жена верува дека најважното нешто е тие да помогнат при едукацијата на децата дека сите жени не треба да изгледаат исто и дека не секое дете е родено со руса коса и сини очи.rnrn
rnrnОсвен за подигнување на свеста за разликите коишто постојат, овие барбики исто така помагаат да се нормализира сфаќањето за доењето кај многу млади девојки. Погледнете го видеото да дознаете нешто повеќе за оваа идеја…rnrnrnrnПа, кое е вашето мислење на оваа тема?
Би му дозволиле ли на вашето дете да си игра со барбика доилка?
