Кога сте во врска сигурно постојано чувствувате потреба да правите нешто за да му покажете на партнерот колку го сакате. Но, нема ништо лошо во тоа да најдете и некој „мрзлив“ начин да ја покажете вашата љубов бидејќи самата помисла е она што ќе го направи партнерот среќен. Доколку не можете сами да се сетите на нешто, погледнете ги овие неверојатни предлози.rnrn
rn
1. Купете му ја омилената храна
rnАко вашиот партнер постојано ви зборува дека сака пица од омилениот ресторан или некаков сладолед, купете му го тоа додека се враќате од работа. Храната е еден од неофицијалните јазици на љубовта, а секогаш е доба идеја да го изненадите партнерот со нешто што го сака.rn
2. Пратете му виртуелен ваучер за нешто ако има напорен ден
rnАко партнерот има долг ден на работа, најдете ваучер за нешто што му се допаѓа и испратете му го. Сигурно ќе му го разубавите денот.rn
3. Помогнете околу чистење на домот
rnОва и не е баш „мрзливо“, но сепак е лесно и едноставно. Без разлика дали живеете заедно со партнерот или не, секогаш можете да му помогнете да го среди неговиот дом, особено ако премногу работи. Измијте ги садовите, избришете прашина, прошетајте го кучето. Сигурно ќе го цени гестот, а можеби нема да треба воопшто да излезете од дома.rn
4. Пуштете го неговиот омилен филм и имајте состанок дома
rnСте имале долга недела и конечно сте подготвени да се опуштите со партнерот. Па зошто да не организирате состанок во вашиот дом? Направете пуканки, пуштете го филмот и уживајте. Не само што партнерот ќе го цени вниманието што ќе му го покажете, туку ќе му се допадне тоа што и двајцата можете да бидете мрзливи.rn
5. Пробајте нешто ново во кревет
rnИ овој предлог не е мрзлив, но сигурно е забавен. Можете да купите некоја играчка за возрасни или секси долна облека. Или едноставно обидете се со некоја нова поза. Што и да одберете, вашиот партнер нема да остане рамнодушен.rn
6. Подгответе му го неговиот омилен „лесен“ оброк
rnСекој има некој оброк што ќе го сака засекогаш, а за кој не треба многу време за да се подготви. Можеби тоа се мусли, замрзната пица или тестенини со едноставен сос. Едноставен начин да го импресионирате и усреќите партнерот е вие да му го направите неговиот омилен лесен оброк. Ќе му покажете дека знаете што сака, а ќе ви биде потребно малку време за овој гест.rn
7. Гледајте ја неговата омилена серија, дури и ако ја мразите
rnАко сакате да го импресионирате партнерот, но не сакате премногу да се трудите, обидете се да изгледате барем една епизода од неговата омилена серија заедно.rnrnЌе има многу моменти во врската кога ќе бидете навистина преморени да правите што било за партнерот, а тоа е нормално. Но сепак, можете да му покажете колку ви значи и да го воодушевите без многу труд. Секој има лоши денови полни со стрес, но тоа не значи дека треба да страда и вашата врска.rnrnПогледнете и кои се малите знаци на внимание со кои ќе го зацврстите вашиот брак.
