Пристигнуваат ладни денови: Основни правила за нега на кожата
За време на летото ја третираме кожата со разни препарати и применуваме разни методи со цел да изгледа помеко и поубаво, но сепак таа трпи штетно влијание од високите температури. Кога доаѓаат постудените денови, започнуваат други негативни влијанија, па затоа е неопходно да преземете одредени мерки на заштита со цел да ја подобрите состојбата на кожата и подобро да го заштитите целиот организам од студенилото. Постојат одредени правила и трикови што ќе ви помогнат да ѝ обезбедите на вашата кожа услови за подобро функционирање под многуте слоеви облека, додека истовремено таа остане мека и нежна во текот на целата есенска и зимска сезона.
Обрнете повеќе внимание на деколтето
Пределот на кожата кој се истакнува со деколтето за време на студените денови, покрај лицето и рацете, има потреба од дополнително внимание и негување. Токму затоа и ви предложуваме на деколтето и вратот да нанесете од истата крема што ја ставате на лицето. Така ќе бидете сигурни дека кожата е заштитена.
Одете на масажа барем еднаш месечно
Масажата е корисна за повеќе нешта – вие ќе се опуштите и ќе се релаксирате, ќе ги отстраните знаците на умор, додека истовремено и ќе делувате на микроциркулацијата, односно ќе ги активирате процесите одговорни за регенерација на кожата и под површинскиот слој.
Туширајте се навечер
За време на летото, на сите им одговара будењето со млаз вода. Но, кога е ладно, туширањето би требало да биде вечерна навика. Ова не само што ќе ја заштити вашата кожа, туку ќе влијае позитивно и на вашето здравје.
Дозволете ѝ на кожата да дише
Како што веќе спомнавме, во текот на летото, со отсуството на повеќеслојната облека, кожата постојано дише. Додека пак, во зимскиот период оваа функција е често нарушена. Токму затоа и по туширањето (барем привремено), нанесете масло на влажното тело и оставете кожата сама да се исуши.
Прочитајте и како треба да се туширате во зима за кожата да ви биде убава.