Добивате повик од непознат број кој ви кажува дека вашето дете е киднапирано. Ако сакате повторно да го видите, мора да киднапирате друго дете. Но, тоа не е сè. Ќе го пуштат вашето дете кога родителите на детето што сте го киднапирале ќе киднапираат друго дете. Ако ланецот не продолжи, вашето дете ќе ја плати најлошата цена. Сега и вие сте дел од ланецот.rnrnТаква е приказната на Рејчел која еден ден ја оставила својата ќерка на станицата каде што обично го чекала училишниот автобус. Таа продолжила на работа, но еден повик од непознат број и го променил животот. Женски глас и рекол дека нејзината ќерка е киднапирана, а ако сака да ја види треба да киднапира некое дете. Очигледно е дека тоа не е едно обично киднапирање.rnrnСтанува збор за книгата „Ланецот“ од Адријан Макинти за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар, но со многу оригинална приказна која нема да можете да ја извадите од главата толку лесно.rnrn
rnrnДали знаете што се случува кога читате секој ден?rn
Книгата за која Стивен Кинг вели дека е вистински кошмар
