Врелиот туш во зима изгледа како кратко бегство во рајот, но освен тоа што е пријатен тој не носи друг бенефит. Американските дерматолози велат дека тоа е всушност една од најлошите работи што може да ѝ ги направите на кожата додека таа се бори со зимските температури. Тие советуваат да ги направите овие неколку работи за подобро да се заштитите.rnrn
rn
1. Намалете ја температурата на водата
rnАко водата предизвикува црвенеење на кожата поради високата температура, тоа е знак дека треба да намалите со неа. Кожата дехидрира поради долгиот престој во затворени и загреани простории, така што врелиот туш не ѝ е најпријатен.rn
2. Ограничете го времето на туширање
rnДерматолозите велат дека туширањето во текот на зимата не треба да трае подолго од пет минути.rn
3. Користете гел за туширање
rnНо гледајте да изберете гел за туширање кој е ph неутрален, богат е со масла за хидратација и е наменет за чувствителна кожа. Другите можат да придонесат за дополнително сушење на кожата.rn
4. Користете млеко за тело
rnНанесете млeко за тело најмногу три минути по излегувањето од под тушот. Тогаш порите се отворени, а млекото ќе го спречи испарувањето на водата од кожата.rn
5. Направете си топла купка
rnБарем еднаш неделно туширањето заменете го со топла купка за регенерација на кожата. Во неа додадете камилица и рузмарин за поубава кожа. Нивните масла ќе ѝ ја вратат природната ph рамнотежа и ќе ја направат помека.rn
6. Ставете си и маска за тело
rnДоколку ситуацијата стане покритична, ставете си маска за тело. Измешајте една кафена лажица јогурт со една кафена лажица пасирано авокадо и две лажици мед и оставете ја да отстои 20 минути пред да ја измиете со млака вода. Тоа ќе го намали црвенилото предизвикано од студот.