Научниците откриле дека кај оние постари лица кои биле изолирани и осамени, способноста за меморирање опаѓа за една петина секоја втора година – или околу 18% на секои 2 години, а тоа нè потсетува на важноста да бидеме заедно.rnrn
rnrnТим од лондонската Школа за економија и политички науки (LSE) ги проучувал податоците од повеќе од 11.000 Англичани на возраст од над 50 години и заклучил дека социјалната изолација не само што предизвикува губење на меморијата во староста, туку може да доведе и до деменција.rnrnОсаменоста обично се поврзува со оштетувањето на памтењето, но сега, истражувачите за првпат имале можност да идентификуваат некои модели. Испитаниците биле тестирани на годишно ниво од 2002 до 2008 година и тоа преку алатките за социјална интеракција и тестот за меморија.rnrnТие изјавиле дека на некој начин, нивните откритија се добра вест, бидејќи зголемувањето на социјалните контакти со постарите луѓе е начин да се спречи или барем да се забави процесот на губење на меморијата, повеќе од што било друго. И бидејќи нема лек за губењето на памтењето, многу е важно да се стори сè што е можно за да го им се олесни животот на постарите лица.rn
Вежбањето е, исто така, клучно за здравјето во староста
rnСамо една минута вежбање на ден има големо влијание врз здравјето на лицата над 65 години, според истражувањето на Универзитетот во Аберта, вежбањето на дневно ниво се покажало како доволно за подобрување на нивото на шеќер во крвта и општата подвижност.rnrnИспитаниците на возраст од 65 до 75 години биле замолени да возат велосипед што е можно побрзо за време од 6 секунди на статични велосипеди, а потоа имале барем 1 минута одмор и го повторувале процесот сè додека не вежбале вкупно 1 минута.rnrnТаквиот тренинг е познат како тренинг со интервал на спринт, а лицата кои вежбаат двапати на ден по една минута или повеќе може да имаат подобрување и на крвната слика и на мобилноста.rnrnМожеби сакате да дознаете и што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата.