КАФЕ ПАУЗА

Дали постои причина за грижа? Еве што кажува тресењето на рацете за здравствената состојба

Нашето тело постојано ни праќа знаци кога ќе се појави некаков проблем. Токму затоа и не смеат да се занемарат никакви промени на телото, дури и оние што се моментални и не укажуваат на ништо посериозно. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за тресењето на рацете, белите точки, слабите нокти или сините нокти – продолжете со читање!rnrnrn

Тресење на рацете

rnНајчестата причина за тресење на рацете е премногу кофеин или премалку сон. Но, и некои лекови можат да ја предизвикаат оваа состојба, како оние за астма и против депресија. Ако забележите дека рацете премногу и пречесто ви се тресат, треба да посетите доктор затоа што тоа може да е и ран знак за Паркинсова болест.rn

Лесно кршливи нокти

rnАко ви се чини дека ноктите ви се особени слаби и кршливи, можеби ви недостасува цинк. Според докторите, тој помага при обнова и раст на ноктите. Доколку цинкот е проблем кај вас, додајте го во исхраната.rn

Бели точки на ноктите

rnОваа појава најчесто се поврзува со лоши навики во исхраната, поточно со недостаток на цинк, калциум и железо во крвта. Проблемот лесно се решава со додатоци во исхраната и консумирање храна која ги содржи потребните минерали и витамини.rn

Сини нокти

rnАко ноктите ви станат сини, тоа значи дека не добивате доволно кислород. Причината може да биде болест на дишните патишта или Рајнаудов синдром, периферна артериска болест. До оваа состојба може да дојде и преку слаба циркулација, особено кога температурите се ниски. Сепак, ако ноктите постојано ви се сини, побарајте совет од доктор.rnrnПогледнете ги и овие 10 природни начини да се справите со кршливите нокти.