Загадувањето на воздухот е сериозен проблем со кој се соочуваат многу градови во светот. Луѓето кои живеат во нив трпат многу негативни последици по здравјето и општо по квалитетот на животот. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот предизвикува 8 милиони жртви годишно.rnrn
rnrnВо борбата против овој огромен проблем, група научници измислиле вештачко дрво кое го претвора загадениот воздух во чист кислород. Ова е можеби најголемата шанса за спротивставување на загадувањето на воздухот и решавање на овој многу присутен проблем.rnrn
rnrnМотивирани од критичната ситуација со загадувањето на воздухот во Мексико Сити, група инженери, истражувачи и биолози од компанијата БиомиТек создале вештачко роботско дрво кое е дизајнирано да го подобри квалитетот на воздухот.rnrnДрвото за прочистување на воздухот се вика БиоУрбан и користи систем на филтрирање со микроалги кој го апсорбира загадениот воздух и продуцира чист, свеж. Инспириран од природата, БиоУрбан се базира на принципот на фотосинтеза кај растенијата, па тој ги вдишува загадените честички како јаглерод моноксид и азотни оксиди, а издишува чист кислород.rnrn
rnrnОвие дрва имаат капацитет да опфатат 13.140.000 м3 воздух годишно. Го филтрираат воздухот со ефикасност од 99,7%, а едно дрво произведува чист кислород еквивалентно на 368 млади дрвја. Со други зборови, БиоУрбан произведува доволно чист воздух за 2.850 луѓе на дневна база.rnrnСо оглед на проблемот во пренаселените места кои се борат со загадување на воздухот и фактот дека на природните дрвја им е потребно време за да пораснат, ова решение делува како соодветно, брзо и ефикасно.rnrn
rnrnУште подобро е што дрвата БиоУрбан немаат никакви негативни последици. Не произведуваат отпад, а во системот на прочитување користат алги кои веќе ги има во природата.rnrnСпоред компанијата којашто ги произведува овие дрва, идејата не е БиоУрбан да ги замени природните дрвја, туку да ги надополни и да им помогне во прочистувањето на воздухот. Металната конструкција на овие дрва е висока 4 метри и веќе е инсталирана во Мексико, Колумбија и Панама, а и други градови чекаат да го имплементираат овој метод на прочистување.rnrn
rnrnШто мислите, дали овие дрва навистина можат да го спречат загадувањето на воздухот? Дали би сакале да ги видите и кај нас?rnrnПогледнете го и овој иновативен изум: Дрва што генерираат електрична енергија.
Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород
