КАФЕ ПАУЗА

Утрински навики што ви предизвикуваат вишок килограми

Утрински навики што ви предизвикуваат вишок килограми

Веќе долго време не сте јаделе „брза“ храна и благи работи, редовно вежбате и навистина се трудите да ослабите. И покрај сето тоа, не можете да се ослободите од вишокот килограми. Многу луѓе не знаат дека нивните утрински ритуали се главната пречка што им стои на патот до телото од соништата. Ова се утринските навики од кои треба веднаш да се откажете…rnrnУтрински навики што ви предизвикуваат вишок килограмиrn

Премногу спиете

rnАко спиете премалку, телото го произведува хормонот кортизол што го зголемува апетитот. Но, ниту спиењето премногу нема да остави добри последици на вас. Според неодамнешните истражувања, спиењето повеќе од 10 часа навечер предизвикува повисок индекс на телесна маса. Токму затоа, докторите препорачуваат 7 до 9 часа спиење секој ден.rn

Се подготвувате во темница

rnОтворете ги завесите или ролетните веднаш штом се разбудите. Едно истражување докажало дека сините светлосни бранови од раното утро го забрзуваат метаболизмот и му помагаат на телото да се разбуди. Дури и 20 до 30 минути дневна светлина се доволни за да го почувствувате нејзиното позитивно влијание на индексот на вашата телесна маса.rn

Не си го местите креветот

rnМожеби ви звучи чудно, но вистина е. Најновите истражувања откриваат дека луѓето кои си го местат креветот, подобро спијат. Сите знаеме дека квалитетниот сон е најсигурниот пат до постигнувањето идеална тежина.rnrnУтрински навики што ви предизвикуваат вишок килограмиrn

Заборавате да се измерите

rnИстражувачите од Универзитетот во Корнел докажале дека секојдневното мерење е успешна техника која го поттикнува губењето на тежината. Најдобро е да застанете на вагата веднаш штом се разбудите пред да изедете или да испиете нешто. Со оглед на тоа што во текот на ноќта организмот ја губи тежината добиена од испиената вода, вагата ќе ви ја покаже најточната бројка рано наутро.rn

Не јадете доволно за појадок

rnИстражувачите од Универзитетот во Тел Авив советуваат да се почестите себеси со вкусен оброк за појадок. Балансираниот појадок што содржи 600 калории во форма на протеини, јаглехидрати и некој десерт, ќе ви помогне полесно да го следите вашиот дневен план за исхрана.rnrnУтрински навики што ви предизвикуваат вишок килограмиrnrnПрочитајте и кои 3 утрински навики можат да ви го уништат денот.