Што ќе се случи ако премногу долго ја носите долната облека?

Што ќе се случи ако премногу долго ја носите долната облека?

Кога последен пат сте фрлиле гаќи и градници? Ако не можете да се сетите, време е да инвестирате во нова долна облека. Ние најчесто ги фрламе старите парчиња кога ќе се скинат или пак, кога бојата целосно ќе им се промени. Но, изгледа дека тоа е предоцна. Ако предолго ја носите истата долна облека, дури и покрај редовното перење, таа може да има негативни последици на здравјето.

Кога е време за нов градник?

Во истиот момент кога градникот ќе ви стане неудобен, без разлика на причината, време е за нов. Ако градникот не ви ја дава потребната поддршка, грбот ќе почне да ви страда. Токму затоа и се препорачува еднаш годишно да ги проверувате градниците и сите оние што веќе не ви се точни да се фрлат. Од друга страна пак, се препорачува постојано да имате најмалку три градника со цел да можете редовно да ги перете. Но, колку повеќе имате, толку помалку ќе ги носите па тие подолго ќе ви траат. Уште подобро ако ги перете рачно.

Кога е време за нови гаќички?

Ако вашите гаќи ја изгубиле бојата, се растегнале или едноставно ви станале неудобни, време е за инвестирање во нови модели. Покрај тоа што тие подобро ќе изгледаат и вие поудобно ќе се чувствувате, исто така и ќе се заштитите од несакани реакции на кожата, предизвикани од грубите рабови на износените гаќи. Исто така, иако на повеќето модели се препорачува перење на 30 или 40 степени за да се зачуваат изгледот и бојата, подобро е да се перат на 60 степени за да се убијат сите бактерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар