Феминизмот пред многу години и денес

Феминизмот пред многу години и денес

Феминизмот е идеологија насочена кон дефинирање, воспоставување и одбрана на еднакви политички, економски, културни и социјални права на жените. Се залага за ослободување на жените од насилство, сексизам и традиционалните женски улоги (домаќинка, сопруга, мајка, сексуален предмет) и прифаќање на жените како целокупна личност.

Феминизмот пред многу години и сега

Право на глас

Сè е политика, што значи дека таа е составен дел од нашите животи. Замислете дека дури на крајот од 19-ти век жените добиле право на глас! Во Русија, жените добиле право на глас во 1917 година. Саудиска Арабија била една од последните земји кои дозволиле жените да учествуваат на изборите. Дури во 2011 година, власта објавила дека жените ќе имаат право на глас од 2015 година.

Право на образование

Во врска со образованието, работите не се толку страшни како со правото на глас, но феминистите и понатаму гледаат корени на злобната и модерна „нееднаквост“ на половите во различни области на машкото и женското образование. На пример, до крајот на 19-ти век, се верувало дека жената е првенствено мајка и чувар на семејното огниште, што значи дека би требало да добие соодветно образование. Домаќинството, занаетчиството, танцот и музиката (да ги забавуваат гостите) биле главни активности во „распоредот“ на типичните „идни сопруги“. Меѓутоа, на крајот од 19-тиот век, жените добиле право да одат на универзитет, па сега, рамноправни со мажите можат да имаат скоро секаква професија.

Право на имот и сопствени финансии

Интересен факт: во почетокот на 19-тиот век, во Америка, сите пари кои жената ги заработувала, автоматски станувале сопствеништво на нејзиниот сопруг. Оваа ситуација изгледа многу неправедно, зарем не? Секако, ние сме свесни дека постои семеен буџет, но вашите пари според законот ви припаѓаат вам, и само вие одлучувате како ќе ги потрошите.

Еднакви права во бракот

Радикалните феминистки кои ги демонизираат мажите ја негираат институцијата за брак, тврдејќи дека тоа е „ропство“ на жените. Навистина, пред двесте години, жената всушност била сопственост на нејзиниот сопруг, а концептот за „развод“ не постоел. Децата исто така се сметале за сопственост на татковата фамилија, а доколку жената била „виновна“ за нешто, можела да ја изгуби можноста да комуницира со нив. Меѓутоа, проблемот не е целосно во бракот, туку во патријархалната структура на општеството: жената најпрво припаѓала на нејзиниот татко, а потоа на сопругот. Така цело време била „надгледувана“ бидејќи не ја сметале за полноправна личност. Сега во развиените земји, бракот во главно е само формалност, бидејќи партнерите можат да живеат заедно и да одгледуваат деца без да стапат во брак.

Право на располагање со сопственото тело

Феминизмот традиционално е поделен на неколку бранши, а последната бранша на претставници ги бранеа правата на жените за сопственото тело. Правото на абортус и еднаквиот пристап на контрацепција, подеднакво се важни како што е политичката еднаквост. Тоа вклучува и право на физички интегритет и заштита од семејно насилство (кое за жал, досега функционира само во поразвиените земји).

Феминистите сè уште имаат многу работа. Се надеваме дека со текот на времето, ситуацијата ќе се подобри, но сега засега, им посакуваме еднаквост на сите!

Дознајте и дали денешните мажи се поголеми феминисти од оние во минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар