Ванеса Дунливи е учител по јога која смета дека секојдневното изведување на овие вежби ќе ви помогне да ги издолжите мускулите, да се ослободите од напнатоста и да го одржите вашето здравје.rnrn
rn
„Секое тело е различно, па најдобрите вежби се различни за секого. Но, она што е најважно е секогаш да ги работите сите главни мускулни групи.“
rnПогледнете ги вежбите кои ги препорачува Ванеса.rn
1. Сфинга, за предниот дел од телото
rn
rnrnОваа вежба ги отвора срцето и градите и е одлична за ‘рбетот. Легнете на вашиот стомак, а нозете нека ви бидат споени. Ставете ги рацете на земјата паралелни една на друга, а лактите нека бидат под рамената. Почнувајќи од долниот дел на абдоменот, кревајте се нагоре и држете ги нозете на земјата.rn
2. Свиткување напред, за задниот дел од телото
rn
rnrnОваа вежба го опушта ‘рбетот и ги истегнува мускулите на задниот дел. Можете да ја направите вежбата со исправени нозе, или со благо свиткување на колената.rn
3. Раце на орел, за отворање на рамената
rn
rnrnДодека оваа јога поза е комплицирана за да ја изведете цела, доволно е да го направите само делот со рацете. Испружете ги рацете пред вас и вкрстете го десниот лакот врз левиот. Свиткајте ги лактите за вашите прсти да гледаат нагоре и спојте ги дланките. Повторете и со левиот лакот врз десниот.rn
4. Не го заборавајте вратот
rn
rnrnДржете ги рамената опуштени, доближете го левото уво до левото рамо, а потоа десното уво до десното рамо. За да го истегнете задниот дел од вратот, придвижете го носот кон едното па кон другото рамо.rn
5. Истегнување на колковите
rn
rnrnЛегнете на вашиот грб или седнете на стол. Ако сте на стол, почнете со двете стапала на земјата и со исправен грб. Ставете го десниот глужд врз левото колено во права линија, паралелно со подот. Потоа навалете се напред со исправен грб.rn
6. Истегнување на квадрицепсот
rn
rnrnЗастанете на една нога и доближете го десното стапало до десниот колк. Фатете го стапалото со десната рака. Направете ја вежбата и со другата нога.rnrnВанеса иста така изјавува дека овие вежби се создадени за да ги поврзат умот, телото и здивот и сите заедно создаваат совршена хармонија.rnrnПогледнете ги и овие 6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.