Во денешно време, со борбата за полова еднаквост и со порастот на феминистичкото влијание, можеби ќе си помислите дека современите мажи се поотворени кога станува збор за поделбата на родовите улоги во општеството за разлика од нашите предци. Меѓутоа, неодамнешни истражувања откриле дека денешните мажи не се толку големи феминисти колку што си мислиме. Прогресот сѐ уште го нема достигнато она ниво на кое сите се надеваме.rnrn
rnrnИ покрај фактот што кога директно ќе ги прашате денешните мажи каков е нивниот став во однос на половите разлики тие делуваат феминистички настроени, повеќето не ги спроведуваат зборовите во дела.rnrnНа пример, според едно истражување машките ученици по биологија постојано ги преценувале способностите на нивните машки соученици и ги потценувале нивните соученички. Друго истражување открило дека младите мажи потешко ја прифаќаат идејата да имаат женски лидер за разлика од нивните татковци. Повеќе од половина од современите мажи не се согласуваат дека е потребна поголема полова еднаквост на работното место. Уште позагрижувачки е фактот што половина од денешните мажи сметаат дека ќе постигнат поголем успех во кариерата од нивните сопруги.rnrnПокрај тоа, едно истражување дошло до заклучок дека иако современите мажи повеќе помагаат во домашните обврски, жените сепак го завршуваат поголемиот дел од домашната работа и повеќе се грижат за децата, дури и кога жените се тие што го носат лебот во куќата. 35% од мажите денес сметаат дека тие треба да се одговорни за заработување пари, а жените за грижата на домот.rnrnУште пострашно е тоа што бројот на сексуални напади, улична злоупотреба и домашно насилство, каде воглавно жените се жртви, речиси воопшто не е намален. Тоа покажува дека веројатноста современите мажи да покажат непочитување или да извршат криминал врз жените, не се променила во однос на минатото. Доколку мажите навистина се борат против сексистичките и женомразечките ставови, а ја негуваат почитта спрема жените, процентот на криминални акти од ваков тип би требало да биде намален.rnrn
rnrnШто може да се заклучи од сето ова?rnrnКраткиот одговор би бил дека на многу мажи им се допаѓа идејата за полова еднаквост, но не се подготвени да се ослободат од сексистичкото однесување кое им доаѓа толку природно. Полесно е да се препознае дека половата еднаквост е фер, отколку да се отфрлат сите привилегии и предрасуди кои се земаат здраво за готово. Најлесно од сѐ е да се преправа човек дека тие воопшто не ни постојат.rnrnСекако дека постојат многу современи мажи кои навистина го прифаќаат феминизмот, ги почитуваат жените и чии зборови преминуваат во дела. Не може да се стави во ист ќош една цела генерација. Но, исто така не може само да седиме со вкрстени раце и да очекуваме дека половата еднаквост магично ќе стане дел од нашето секојдневие сега кога повеќето мажи се согласуваат дека тоа е добра идеја. Реалноста е многу покомплицирана.rnrnМногу луѓе погрешно го разбираат и применуваат феминизмот. Феминизмот не промовира само убави идеи за еднаквост. Феминизмот се залага за создавање и одржување позитивни промени. Иако е супер тоа што кај современите мажи се јавуваат некои феминистички сфаќања, би било многу позначајно кога тие самите би биле промената што тврдат дека ја посакуваат и поддржуваат.
Дали денешните мажи се поголеми феминисти од оние во минатото?
