Вашиот дом е место во кое се повлекувате на крајот од секој ден. Тој е ваш дворец, ваша тврдина, место во кое го минувате поголемиот дел од времето и во кое градите свое семејство. Со други зборови, вашиот дом е вашето „безбедно место“, па затоа е разбирливо да сакате да го направите што е можно поубав и попривлечен.rnrn
rnrnЗа време на уредувањето на ентериерот, сите ние знаеме премногу да се заиграме или пак да ни недостасува инспирација. Во продолжение прочитајте ги 5-те трикови, со чија помош ќе направите вашиот дом да изгледа полуксузен.rn
1. Изберете луксузни ткаенини
rnТкаенините имаат најголемо влијание на просторијата. Можете да пронајдете навистина убави материјали во многу продавници за подобрување на домот чиј фокус е насочен кон дизајнот на ентериер. Од слоевити текстури на постелнини, до најмеки перници. Со пристапни цени, правилната ткаенина може да направи собата да изгледа многу подобро и полуксузно.rn
2. Исчистете го нередот
rnПотрудете се да имате што помалку видливи работи. Доколку во вашиот простор владее хаос од пренатрупани работи, никогаш нема да постигнете луксузен изглед. Обидете се работите по нивно користење да ги враќате на своето место за да го задржите изгледот чист и привлечен.rnrn
rn
3. Помалку е секогаш повеќе
rnКога е во прашање уредувањето на домот, за луксузен изглед, би требало да имате минималистички пристап кон уредувањето. Отворениот простор со минимален мебел може да се компензира со бои. Неутралните тонови како сивите, белите или кремот, овозможуваат релаксирачка атмосфера.rnrn
rn
4. Симетријата е клучна
rnВо средишната точка на просторијата треба да стои најголемото парче мебел, а околу него помали парчиња. На пример, широк четвртест кревет во спалната, кој е заобиколен од исти ноќни шкафчиња на кои стојат модерни ламби, веднаш привлекува внимание.rnrn
rn
5. Играјте си со текстурите
rnДодавањето текстура е едноставен начин за оживување на просторијата и креирање луксузен ентериер. Од тапети и теписи, до перници и огледала, сите овие работи додаваат различна структура во вашиот дом. Играјте си со текстурите и експериментирајте со бои кои обично не би ги користеле.rnrnПрочитајте ги и овие 3 совети за декорација коишто празниот ѕид го претвораат во најинтересен дел од вашиот дом.