КАФЕ ПАУЗА

4 знаци дека ги запоставувате пријателите поради вашата врска

4 знаци дека ги запоставувате пријателите поради вашата врска

Кога започнувате нова врска, почетниот период може да биде навистина тежок. Причината е што треба да се навикнете на промената и да најдете начин да воспоставите рамнотежа помеѓу пријателите и партнерот. Но кога врската станува посериозна, неретко едната страна е запоставена.rnrn4 знаци дека ги запоставувате пријателите поради вашата врскаrnrnНа почетокот од врската, нормално е повеќе време да поминувате со партнерот со цел да се запознаете подобро. Но ако вашата врска и неколку години подоцна ви го одзема целото слободно време, време е да се обидете да ги спасите вашите пријателства. Проблемот е што луѓето не се ни свесни дека ги запоставуваат пријателите. За среќа, постојат некои знаци во вашето однесување кои ќе ви покажат дека можеби сте заборавиле на вашите пријатели поради врската.rn

1. Често ги откажувате договорените средби

rnДоколку често им откажувате на пријателите за да поминете време со партнерот, вашето пријателство трпи. Во овие ситуации, сосема нормално е пријателите да ви замерат бидејќи ќе се чувствуваат запоставено после сè што сте поминале заедно.rn

2. Новостите за пријателите ги дознавате од социјалните мрежи

rnДоколку важните настани во животите на вашите пријатели ги дознавате од социјалните мрежи, запрашајте се кога последен пат сте ги побарале. Доколку пријателите се чувствуваат запоставено, нема да сакаат да ве вклучуваат во нивните важни моменти бидејќи се разочарани.rn

3. Кога сте со пријателите, зборувате само за вашата врска

rnКога ќе земете предвид дека пријателите речиси и да не ве гледаат поради вашата врска, најверојатно последното нешто за коешто сакаат да разговараат е вашата врска. Па кога сте со нив, обрнете им внимание и покажете интерес за нивните животи.rn

4. Партнерот ве убедува дека минувате премногу време со пријателите

rnНикако не ѝ дозволувајте на посесивноста на партнерот да ве оддалечи од пријателите. Доколку му обрнувате доволно време и внимание, партнерот не би требало да се меша во времето кое е само за вас.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашите пријатели ви ја уништуваат врската.