КАФЕ ПАУЗА

Како да одржите константна телесна тежина?

Како да одржите константна телесна тежина?

Доколку сте задоволни со својата тежина, прочитајте ги следниве неколку совети за тоа како истата да ја одржите без голем напор.rn

Помалку шеќери

rnНајдобриот совет за одржување на константна телесна тежина е секако намаленото внесување на шеќер и целосното елиминирање на преработените производи. Препорачливо е да јадете повеќе зеленчук или да консумирајте овошја како калинки, папаја или јаболка. Мастите полесно ќе се согоруваат, а метаболизмот ќе се зајакне.rn

Помалку зрнеста храна

rnТреба да внимавате на дневното количество зрнеста храна кое го внесувате. Одлучете се за овесни снегулки, нелупен ориз, див ориз или пченица, кои се сметаат за најхранливи зрнести плодови. Исто така, најдобро е нив да ги консумирате за појадок, кога енергијата ви е навистина потребна.rn

Стабилно ниво на шеќер во крвта

rnОна што може да го дестабилизира нивото на шеќер во крвта може да биде прескокнувањето на оброците, намаленото внесување протеини, стресот или несоницата. Кога ќе се намали нивото на шеќер во крвта се чувствувате зашеметено, исцрпено и нерасположено. За да не дојде до ова, јадете регуларно и при секој оброк консумирајте околу 15 грама протеин.rnrnКако да одржите константна телесна тежина?rn

Зелен зеленчук

rnЗелениот зеленчук е полн со хранливи материи и истовремено позитивно влијае на расположението и го намалува стресот. Нека биде вклучен барем во еден од дневните оброци.rn

Протеини

rnОсновните единици од кои се изградени протеините се аминокиселните, кои пак играат огромна улога во процесите на метаболизмот. Нивното умерено внесување ве прави повитални и поотпорни на стрес.rn

Скробен зеленчук

rnСкробните зеленчуци како тиква, моркови или благ компир добро влијаат врз телесната тежина. Содржат растителни влакна, хранливи материи и вода. Ваквиот зеленчук е корисен бидејќи, покрај другото, ви ја намалува и желбата за благи работи.rn

Млечни производи

rnМногумина мислат дека млечните производи дебелеат, но тоа не е случајот со сите. Грчкиот јогурт и други нискомасни млечни производи, содржат малку лактоза, многу протеин, и ензими кои ја подобруваат апсорпцијата на хранливи материи. Исто така, тие се богати со калциум, витамин Д, магнезиум и протеин, кои пак учествуваат во топењето на мастите.rnrnКако да одржите константна телесна тежина?rn

Повеќе растителни влакна

rnПоголемото внесување на растителни влакна ви создава чувство на ситост и ви ја намалува желбата за јадење. Тие го одржуваат нивото на инсулин и добро влијаат врз работата на срцето. Најдобро е да консумирате варен зеленчук, јаткасти и зрнести плодови.rn

Масти

rnМастите не треба да се одбегнуваат бидејќи се важни за метаболизмот, срцето, а особено за мозокот. Консумирањето умерено количество здрави масти, ќе ви создаде чувство на задоволство и среќа.rn

Вежбање

rnВежбањето е можеби најважниот фактор за одржување на константна телесна тежина. Не е добро само за согорување на калориите, туку и за одржување на оптимално ниво на шеќер во крвта. Најдобро е да вежбате околу 45 минути, шест дена во неделата.rnrnКако да одржите константна телесна тежина?rn

Јога или медитирање

rnСовршено за намалување на стресот. Најдобро е јогата и медитирањето да ги практикувате пред спиење. Обидете се тоа да го правите барем 5 дена во неделата, во траење од десетина минути.rn

Одмор

rnНека добриот сон секогаш ви биде приоритет. Се смета дека 8 часа сон се оптимални за нормално функционирање во текот на денот.rn

Движење

rnДвижењето е одличен начин за задржување на телесната тежина. Ги тонира мускулите, го зајакнува метаболизмот и е одлично за срцето. Домашните работи, дневните прошетки, шопингот – сите се добредојдени. Само бидете поактивни и со тоа природно ќе останете онакви какви што сте.rnrnКако да одржите константна телесна тежина?
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.