Производството на пиво започнало како домашна работа која ја извршувале жените, па според ова можеме да кажеме дека уште од самиот почеток пивото го пронашло своето место во кујната и гастрономијата. Со развојот на цивилизациите и технологијата, производство на пиво сѐ повеќе се развива. Се создаваат нови вкусови и ароми кои стануваат неизбежен дел од кулинарската уметност. Готвењето со пиво бара стручно познавање на видовите пиво кои одговараат со одредена храна, што е важен дел од пивското кулинарство кое станува сè попопуларно. Во продолжение прочитајте неколку совети благодарение на кои секое јадење што е комбинирано со пиво ќе добие побогат и подобар вкус:rnrn
rn
Пивото дава подобра арома
rnОбичајот на додавање вино во храната преовладува во нашата цивилизација. Отсекогаш биле присутни предрасудите дека виното ѝ дава подобар вкус на храната. Излезете од гастрономската рамка, и наместо со вино во кујната, експериментирајте со пиво. На пример, оризот совршено го апсорбира јачмениот вкус, а вкусот на пченицата се комбинира со горчливо-слатки печурки. Пивото добро оди и со пилешко, па дури и со лигни кои можат да се приготват во пиво и шафран со сос од јогурт.rnrn
rn
Пивото одлично оди во десертите
rnВистинските љубители на пиво ќе кажат дека тоа одговара со секоја храна, а во последно време многу е популарно експериментирањето со пивото како една од главните состојки за приготвување десерти. Пивото можете да го додадете во омилените палачинки, браунис колачињата и во други десерти во кои доминира темната чоколада. Со десертите кои содржат овошје одлично одговара светлото, лесно пиво со овошен вкус.rnrn
rn
Пивото е соодветно за различни кулинарски техники
rnОд маринирање, глазирање, печење, варење и динстање, пивото се користи во многу кулинарски техники. Горчливиот хмељ му дава богат вкус на јадењето, а јачменот му дава слаткост. Квасецот пак дава лесен вкус, а неговите ензими се идеални за омекнување на месото.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 10 неверојатни иновации во светот на храната што сигурно ќе ви се допаднат.